Јахоски истовремено стана директор и на „Пуцко Петрол“ и на „Пацифик Петролеум“
Објавено во: Економија 11 Август, 2025 07:50
Асмедин Јахоски, директорот кој го води фамилијарниот бизнис на Пуцко Петроол, од минатата недела е управител и на компанијата Пацифик Петролеум на Ерџан Сулкоски од Кичево.. Ова значи дека семејството Јахоски, како сопственици на третиот најголем нафтен бизнис во земјата, повеќе не го ни кријат партнерството со Сулкоски.
Јахоски е именуван и за одговорно лице за складот за трговија на големо со горива во Ижиште, Македнски Брод, кој што Пуцко Петрлол му го даде формално под закуп на Пацифик Петролеум за да може Сулкоски во 2022 како нов бизнис партнер на Ратко Капушевски во РКМ да му продава мазут на ТЕЦ Негтино во енергетската криза во вредност од стотици милиони евра.
Сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски, во мај за овој случај излезе од притвор откако апелациониот суд на затворена седница одлучи да ја уважи неговата жалба и да ја прифати гаранцијата од нешто над два милиони евра која тој и неговиот адвокат од претходно му ја понудија на Обвинителството. Апелација прифати Јахоски да биде пуштен во домашен притвор со прифаќање на гаранцијата од 986.540 евра, со ставање на хипотека на недвижен имот во корист на државата и со дополнителна сума од 72 милиони денари, која треба да биде исплатена во кеш.
Од Апелација информираа и дека на Јахоски му се одредени мерки на претпазливост и дека му е одземен пасошот. Асмир Јахоски е еден од 13-те осомничени во истрагата за сомнителните тендери за набавка на мазут вредни 167 милиони евра за ТЕЦ Неготино, а која беше отворена во 2023 година.

Со истрагата се опфатени и сопствениците на РКМ, притворените Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, како и избеганиот поранешен директор на ЕСМ Васко Ковачевски. Истрагата е поради злоупотреби со набавките вредни над 160 милиони евра и е отворена во првата половина на март. Обвинителството чекаше во Скопје да бидат истовремено осомничените Капушевски кој често престојувал во Дубаи и Јахоски кои често бил во Турција за да ја стартува истата истрага.
Сулкоски со Пацифик Петрлеум е активен на пазарот со товарен транспорт и располага со лиценца за вршење на јавен превоз на стоки, како и одобрение за транспорт на опасни материи, меѓу кои се и Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98, еуродизел БС, екстра лесно масло и течен нафтен гас (ТНГ).
Неговата фирма во 2024 оствари приходи од 2,3 милиони евра, а со РКМ, каде што Сулкоски има доминантен удел, забележа продажба од само 6 милиони евра.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




