19 Декември, 2025
0.0494

Јахоски осомничен за перење пари, Пуцко Петрол со тендери од над 33 милиони евра за неполни седум месеци

Објавено во: Економија 08 Јули, 2025 08:10

Добивај вести на Viber

Милионски суми народни пари легнале на контото на Пуцко Петрол, чиј сопственик Асмир Јахоски е меѓу осомничените во случајот за злоупотреби при набавки на мазут за ТЕЦ Неготино, кој бил со лош квалитет за здравјето на луѓето.

Од јануари до јули годинава, Пуцко Петрол има склучено 117 договори за јавна набавка, со вредност од над 33 милиони евра. Тендери има добивано од министерства, општини, државни комисии, агенции, училишта но и судови, како вишиот управен суд и неколку основни судови низ Македонија. Најголемиот договор е оној склучен со ЈСП Скопје, во вредност од над 26 милиони евра.

За Асмир Јахоски, како осомничен за перење пари, беше определена мерка притвор во истражниот затвор Скопје. Подоцна, со гаранција од над 2 милиони евра, Јахоски излезе од притвор, а наместо тоа, како мерка на претпазливост, му беше одземен пасошот.

Во истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино во вредност од 160 милиони евра, освен Јахоски, опфатени се и екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски кој е во бегство, како и сопствениците на РКМ, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, поранешниот менаџер за продажба во ЕСМ Адриан Муча  и уште 6 лица кои учествувале во реализацијата на набавките мазут вредни над 160 милиони евра.

Сопственикот на Пуцко Петрол доби и нов, привремен пасош со важност од 6 месеци - на тоа се сложило обвинителство, судот прифатил, а МВР веднаш го издало.

Александар Тодески

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии