20 Април, 2024
0.0267

Јаху: Ова се настаните кои го окупираа интернетот во 2012-та!

Објавено во: Стил 11 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Овие 10 работи не слегуваа од насловните страни на медиумите во текот на 2012 годината. Видете што беше најинтересно во 2012-та. Листата ја состави Јаху врз база на пребарувањата преку интернет. 10. Титаник  На 12-ти април се навршија 100 години од потонувањето на бродот. Тоа беше добредојдено за десетици аукции на предмети, извадени од дното на океанот, кои се продадоа за доста добри суми. 09.  Gangnam Style!  Видеото на јажнокореецот Псај стана најгледано видео на YouTube на сите времиња. Тоа е нај-лајкуваното видео исто така на сајтот со над 2 милиони лицаа, со што Гангам Стајл таа влезе во книгата на рекорди. Беа направени и стотици пародии на спотот. Изведувачот стана суперѕвезда, а со него танцуваа дури и Мадона и Бритни Спирс. До неодамна непознат , годинава Псај заработи7.6 милиони долари. 08. Песната „Call me maybe“  Песната на канаѓанката Карла Реј Џеспен е најдолго задржаната песна на позицијата број 1 во 2012 година. Песната стана уште попопуларна со видеото поставено на YouTube кога американскиот олимписки тим во пливање направи своја верзија, а која имаше милиони отварања. 07.Групата „One direction“  Ирската група предизвика вистинско лудило во Северна Америка, поради што беше споредена со "британската музичка инвазија" од 60-тите години. Првиот им албум се продаде во 540 000 копии уште  првиот ден. 06. Книгата „Педесет нијанси на сиво“ (Fifty shades pf grey)  Првата книга од еротската трилогија, во стилот на филмот "Самрак", предизвика вистинска манија. Некои стилот го нарекоа и "порно за мајки". Во Велика Британија книгата стана најдобро продаван бестселер на сите времиња со 5.3 милиони копии. 05. „Honey boo boo“  7-годишното девојче Алена Томсон стана ѕвезда на интернет. 04. Филмот Игрите на гладот (Hunger games) Од март па наваму филмот е собра 680 милиони долари низ целиот свет. 03. Џекпотите!  Во САД сите полудеа по играта „Mega Millions“, која имаше рекорден џекпот. Добивката во американската лотарија беше невидени 656 милиони долари. Тоа доведе до рекордна продажби на ливчиња за лотаријата низ целата земја.Џекпотот беше освоен од 3 лица. Во ноември џекпотот во лотаријата„ Powerbal“  пак достигна 588 милиони долари. Добитниците беа пар од Мисури на возраст од околу 50 години. 02.Политичките анкети  Во САД имаше избори и тоа е разбирливо. Сите медиуми се натпреваруваа кој прв да да пушти анкети и често ги користеа социјалните мрежи . 01. „iPhone 5“ Обожавателите на Епл пак чекаа во редови. Во третото тримесечје од годината компанијата продаде 26.9 милиони Ајфони. Работите не одеа сосема непречено за Епл. Фијаското со мапит беше толку големо што директорот на компанијата мораше да им се извини на клиентите, а шефот на одделот за развој на мапите беше отпуштен. Оваа приказна влезе на листата на гафови на годината.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган