Јајцата од „Наша фарма“ стасаа и до Дубаи: Жарко Василевски за успехот на семејниот бизнис
Објавено во: Економија 22 Ноември, 2018
Веќе две години, во населбата Ѓорче Петров постои приказната за „Наша фарма“, која првично започнала како потреба за здрава храна на семејството Василевски. Основна дејност е производството на јајца од кокошка, но и од други видови птици. Василевски раскажува дека фармата постои од 2016 година, иако како домашна, „тајна фарма“ трае многу повеќе .
„Наша фарма“ се појави како потреба од здрава храна за моето семејство. По купувањето на еден плац почна сѐ. Вишокот производи го понудивме на интернет и почна ефектот на снежна топка. Растеа порачките“, рскажа за својот успех сопственикот, Жарко Василевски.
Неговото семејство и пред да започне со овој бизнис од секогаш сакало животни за кои вели дека со љубов ги чувале.
„ Производството на јајца од кокошка е доминантно но имаме и шатки , дукатки, мисирки, фазани, препелици. Дел од овие јајца исто ги нудиме на купувачите и интересот е огромен. Најважно од сѐ е храната да е природна, без хемикалии и произведена на еколошки и традиционален начин. Секако, тука огромно внимание посветуваме на благосостојбата на животните. Тие се среќни на фармата и сите уживаме во една биодинамика која не отскокнува од природните закони“, раскажува Василевски. Најважната девиза во неговиот семеен бизнис е дека со здравјето на луѓето не смеете да си играте. Жарко е најгорд на еколошкото производство без хемикалии и без додатоци.
Целата приказна прочитајте ја на Женски магазин, ТУКА.