15 Декември, 2025
0.0452

Јакимовски за изјавата на Мицкоски: Србија секогаш помага, треба да се гради продуктовод до граница, од транзитот ќе земаме пари

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2025 12:03

Добивај вести на Viber

Лидерот на ГРОМ и поранешен градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски вели дека премиерот Христијан Мицкоски треба да почне да гради продуктовод кон српската граница.

„Рачуна кој ја вовел забраната. Сега веќе е продкутовод, не е нафтовод, се пуштаат кугли и оди различно гориво. Можеби треба да размислиме забрзано да градиме продуктовод кон граница и автоматски од транзитот државата ќе зема пари“, рече Јакимовски во емисијата „Тешки Муабети“ на Инфомакс. 

Посочува и дека 40 километри може да се изградат за една година, со став дека државата треба да ја интересираат пари, бидејќи со такво нешто, државата ќе може да земе повеќе. 

„Автоматски од транзитот ќе си земаме пари. Ние за година дена тоа можеме да го изградиме. Пари треба да не интересираат. Овој народ треба да живее од нешто. Тој продуктовод има компанија во кои ние како држава имаме над 30 проценти учество. Србија секогаш помага. Јас би седнал со Србите да разговарам, ако нема друго решение, да се гради продуктовод од тука до граница. И Косово да има проблем, и за тоа ќе речам да се решава. Први соседи сме, треба да помогнеме“, посочи Јакимовски. 

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека Владата нема намера да ја заменува нафтената индустрија на Србија, која се соочува со целосен застој поради американските санкции кон руските компании што се мнозински сопственици на НИС.

„Ние како Влада не сме акционерско друштво за да ја снабдуваме јужна Србија или другите земји во регионот. Тоа го прават приватни компании, коишто водат бизнис“, рече Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“