05 Декември, 2025
0.0261

Јакната на Кенеди продадена за 570 илјади долари

Објавено во: Стил 18 Февруари, 2013 20:23

Добивај вести на Viber

Кафената кожна пилотска јакна, која поранешниот американски претседател, Џон Кенеди ја носел за време на летањето во претседателскиот бомбардер, во саботата беше продадена на аукција за 570 илјади долари. Покрај јакната на аукцијата на куќата „Џон Мекинис” беа понудени уште стотина негови лични предмети. Јакната ја надмина првичната цена која се движеше од 20 до 40 илјади долари. Колекцијата му припаѓала на Дејвид Пауерс, долгогодишен соработник на Кенеди, кој почина во 1998 година.
Меѓу предметите кои предизвикаа најголем интерес беа писма на поранешната прва дама, Џеки Кенеди, роковникот во кој Пауерс ги бележел деталите од последните два дена пред Кенеди да биде убиен во Далас во 1963 година, како и перото со кое поранешниот американски претседател потпишал една од наредбите за време на Кубанската ракетна криза.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: