19 Декември, 2025
0.0425

Јанакиески: Македонија нуди одлични услови за бугарските инвеститори

Објавено во: Економија 27 Март, 2013 14:16

Добивај вести на Viber

Преку реализирање заеднички проекти и формирање партнерски мали и средни претпријатија, македонските и бугарските бизнисмени ќе ја зајакнуваат економската соработка. Сепак отсуството на инфраструктурна поврзаност и натаму останува проблем кој мора да се надмине.

Ова е заклучокот од денешното собрание на Македонско-бугарската стопанска комора што се одржа под мотото „Бизнис без граници“.

- Владата континуирано имплементира проекти за подобрување на бизнис-климата. Во текот на економската криза донесе четири пакет-мерки за помош на домашните компании, а за привлекување странски инвестиции продолжува да основа технолошко-развојни индустриски зони со низа даночни поволности, порача министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески пред стопанствениците.

Како што напомена министерот, интензивно се работи и на изградбата на пругата кон Бугарија. За првата делница Куманово - Бељаковце се обезбедени 44 милиони евра.

- Врвен приоритет за Македонија и Бугарија на политички и економски план е заедничката сегашност и иднина во европското семејство како придобивка за целиот регион. Тоа воедно ќе значи и сигурност за бизнисите, нагласи Јанакиески.

Според бугарскиот амбасадор во земјава Иван Петков, трговската размена меѓу Македонија и Бугарија е солидна, но има уште многу простор за нејзино унапредување. Двете земји мора да се насочат и кон збогатување на трговските стоки и услуги.

- Во 2012 размената беше нешто повеќе од 550 милиони лева, што е помалку од 2011 кога достигна една милијарда. Причината за ваквиот биланс беше веројатно економската криза, рече Петков.

Неговиот македонски колега Благој Ханџиски посочи дека и во услови на криза, постигнат е раст во туристичката размена. Во првите три месеци годинава е регистриран и зголемен интерес на бугарските бизнисмени за инвестирање во Македонија.

- Бројот на издадени работни визи е зголемен два пати. Тоа покажува дека не е зголемен само интересот за инвестирање, туку и дека бугарските фирми многу почесто учествуваат и добиваат на тендери и работат во Македонија, рече Ханџиски.

Бизнисмените покажаа дека секогаш се пред политичарите. - Ние не сме оптоварени со теснонационални интереси, сакаме и ќе градиме амбиент на бизнис без граници, подвлече новиот претседател на Македонско-бугарската стопанска комора Зоре Темелковски во обраќањето.

- Комората мора да се обнови како силен гарант за слободата на претприемништвото и стимул на нашите политички и културни елити. Ја гледаме како сервис за остварување блиски, брзи, ефикасни бизнис контакти, рече Темелковски.

Македонско-бугарската стопанска комора е формирана пред две години. На денешниот состанок нејзините членки ги утврдија приоритетите, институционално јакнење, меѓународно вмрежување, промоција и маркетинг

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба