20 Декември, 2025
0.0684

Јанева не се отажува од притворот за Кочан и покрај обидите на институциите да го спасат осомничениот бизнисмен

Објавено во: Македонија 31 Март, 2017 12:03

Добивај вести на Viber

Случајот со притворот на бизнисменот Сеад Кочан,  отвори директен фронт на специјалната обвинителка Катица Јанева со претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски и со државниот обвинител Марко Зврлевски.

Специјалната обвинителка побара првиот човек на Врховен Јово Вангеловски да биде изземен од случајот со притворот на осомничениот Кочан, бидејќи и самиот Вангеловски е дел од прислушуваните материјали, па со тоа е доведена во прашање неговата непристраност.

„Стравувањата околу непристрасноста на судијата Вангеловски се засноваат врз јавно објавениот разговор со екс министерот Јанакиески за случајот „Глобал“, а во време кога е претседател на Врховниот суд. Овој разговор ја доведува во прашање непристрасноста на судијата Вангеловски да постапува по ваков тип на предмети, поради постоење на реална опасност од неговата претходна заинтересираност за решавање на предметот во определена насока, пишува обвинителкатаКатица Јанева во Барањето за изземање.

На ваквото барање Вангеловски одговори дека ќе биде ппостапено како и за сите други барања, сепак посочи тои е зачуден зошто Јанева дури сега го активирала.

„Единствено ме чуди што Специјалното јавно обвинителство  барањето за изземање го поднесува дури сега, кога на јавна седница видоа дека сум дел од Советот и тогаш немаа никаква забелешка“, посочи  Вангеловски.

Брањето за изземање на Вангеловски, стигна откако претходно обвинителот Зврлевски, до Врховниот суд достави барање за укинување на притворот на Кочан.

На ова веднаш реагираше Специјалното јавно обвинителство, и испрати допис со до Врховниот суд, со назнака „Итно“ во кој беше наведено дека единствено надлежно за случајот со Сеад Кочан е Специјалното јавно обвинителство. Јанева псо дописот го пповлече барањето на Зврлевски и му порача дека нема право да се меша во случајот.

За ваквата реакција на Јанева, досега нема официјален кокментар од Јавното обвинителство, ниту пак има објаснување зошто се одлучија да се вмешаат во случајот. И дел од поранешните јавни обвинители толкувајќи ги законите со кои е регулаирана рабоатата на СЈО посочуваат дека Јавното обвинителство нема право да се меша во кконкретниот случај и на конкретниот начин, како што тоа го направи Зврлевски.

Сега Врховниот суд, дополнително ќе одлучува за барањето на Зврлевски и Јанева, за случајот со притворот на осомничениот бизнисмен Кочан, како и за барањето за изземање на првиот човек на Врховниот суд Вангеловски

И додека институциите се надмудруваат околу овој случај, бизнисменот Кочан, повеќе од дваесет дена е во бегство, а за него е распишана и меѓународна потерница. Специјаното јавно обвинителство го сомничи за криминал од 17 милини евра, односно дека со лажни документи успеал да добие тендер од државаната компанија ЕЛЕМ.

Н.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки