19 Април, 2024
0.0322

Јаневски и Додевска: За 400 денари месечно „B-Up“ нуди неограничен простор за бекап на документи

Објавено во: Економија 25 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Во услови на дигитализација и комплетно електронско чување на документите, за компаниите  е важно да имаат каква било варијанта на чување на податоците или бекап. Димитар Јаневски, генерален директор а B-Up во разговор за Фактор вели дека во земјава компаниите сепак бавно разбираат дека ако немаат функционален бекап едноставно не осигуруваат безбеден континуитет на податоците. B-Up е понова компанија, дел од компанијата Inbox. Неговата колешка Драгица Додевска која е маркетинг менаџер во фирмата вели дека станува збор за ултра безбеден софтвер, а безбедните копии се чуваат на EUcloud локации. Во разговорот и двајцата откриваат детали кои се значајни за македонските компании и нивната работа. Ги прашав прво зошто е потребно компаниите да имаат бекап на податоците.

Димитар Јаневски: Искуството нѐ учи дека поголеми се шансите за успех и надминување на критичните ситуации, доколку имаме резервен план.

Kога се работи за дигиталниот свет, резервниот план е бекапот, кој е суштински и составен дел од животниот век на еден дигитален податок/документ. Доколку нема функционален бекап, едноставно неможете да кажете дека е обезбеден континуитет на постоење на податокот. Тој виртуелен податок може да престане да постои!

Дигиталната трансформација, е организациона промена која употребува дигитални технологии и бизнис модели со цел зголемена ефикасност. За компаниите таа е неминовна и истата секојдневно продуцира дигитални податоци кои имаат се поголемо значење каде бекапот е суштински.


Дополнително, актуелната GDPR директива која полека станува регулатива, бара од компаниите бизнис континуитет и достапност на податоците. Бекапот е еден од сигурните начини да го постигнете тоа, да го намалите ризикот и да бидете GDPRFriendly - статус кој ќе ви даде конкурентска предност и ќе говори за Вашето бизнис реноме.

Има ли интерес на македонскиот пазар и кај македонските компании за користење на бекап провајдер и кои се предностите?

Драгица Додевска: B-Up е нов бренд, кој е создаден за да го направи бекапот достапен до сите. Нашата цел е да ги отстраниме бариерите за користење на бекап, односно да ја отстраниме комплексноста на извршување на постапката и да ја елиминираме потребата од инвестиции во софтер, хардвер и трошоците за одржување на тој систем.

Интересот расте дневно, како од корисници на нашиот сервис,така и од партнери кои сакаат да соработуваат со B-Up и да го прават решението достапно до сите. Нашиот партнерски програм е дел од стратегијата за достапност.

Нашиот главен таргет се компаниите и поединците кои до вчера немале можност или ИТ знаење да направат бекап, субјекти кои немаат ИТ ресурси, немаат редундантна ИТ инфраструктура или несакаат да купуваат софтвери да плаќаат годишно одржување за истите, да купуваат хардвери и постојано да инвестираат во одржување и надградување на сите тие системи.

Како функционира тоа во регионот и во светот?

Јаневски: Cloud бекапот е светскиот стандард и составен дел од дигиталното работење каде iCloud од Apple и AmazonCloud се само дел познатите провајдерите. B-Up ја користи истата технологија на Cloud backup, пристапна од било кој еко систем (Windows, Mac, Linux), каде главниот фокус е во локалната поддршка која нуди сигурност и е многу значајна за овој пазарен сегмент, каде корисници немаат искуство и немаат доверба.

Што покривате, за кои податоци гарантирате? Има доста примери кога компании се затечени од губење на комплетните податоци? Што во ваков случај? Кои се искуствата?

Јаневски: Најбрзиот пат за да ги изгубите документите и доживеете хаварија е да немате никаков бекап. Хаваријата ќе мора малку да се помачи ако имате било каков бекап дури и само во својата локална мрежа, иако најпрепорачан пристап е 3-2-1 бекап.

Електронските податоци и документи се повеќе изложени на ризици од физичките, тоа е факт. Но уште поважен е факт што сите треба да го знаат е дека одговорноста за зачувувањето на документот не е кај бекап провајдерот туку кај имателот на документот. Тој е одговорен да го чува и заштита документот според законите. Затоа најголемата гаранција што еден имател може да ја создаде е да го применува златното правило за Бекап 3-2-1. Тоа значи, од секој електронски документ во секој момент треба да има 3 копии, од кои најмалку 2 се во различен формат, односно запишани на различен медиум од кои најмалку еден се чува на локација различна од локацијата каде што се чуваат другите 2 копии.


Ние на нашите клиенти им даваме онлајн менаџмент конзола со која тие одредуваат што ќе бекапираат, во кои интервали ќе се бекапираат и каде сакаат да биде чувана копијата. Доколку нашите клиенти немаат познавање ние асистираме и правиме секојдневен мониторинг на успешноста на бекапот. Во моментов имаме склучени договори за 2 cloud локации, една локална во Македонија и една EUCloud, а понатаму како што склучуваме локални и интернационални партнерства, веруваме дека и изборот на локации ќе се зголеми.

Во однос на техничкиот дел, B-Up е GDPRcompliant а постои и AES 256 end-to-end енкрипција на податоците што го прави трансферот на податоци посигурен.

Би го напоменал фактот дека иако ние се грижиме за успешноста на бекап сесиите и правиме секојдневно мониторирање, ние немаме преглед на содржината на податоците, бидејќи корисникот подесува CODE кој е “PRIVATEENCRYPTIONKEY” кој не се зачувува онлајн и само корисникот го знае. Тој CODEe дополнителна безбедност и е неопходен за враќање (Restore) на податоците на нова локација.

Кој може да користи ваква услуга? Кои компании, а можат ли и физички лица

Додевска: B-Up услугите може да ги користи секој. Се пријавувате на нашата веб страница, бирате сервис кој одговара на вашата потреба, ние ви даваме пристап до менаџмент конзола и експертска поддршка и вие преку конзолата самите си креирате свој бекап план а ние ви асистираме. B-up е толку едноставен сервис што може да го користи секое физичко лице кое сака да направи копија на сите документи што ги има на својот персонален компјутер - aдвокат, сметководител, ревизор, нотар, архитект, здравствени установи, образовни установи, микро, мали, средни или големи компании која ја разбираат суштината на електронските документи и сакаат да си ја заштитат работата со правење на onlinecloud или hybridcloud .


Кој е принципот на работа, како функционира B-Up, кои се вашите предизвици?

Димитар Јаневски: B-Up е иновативен бизнис модел кој не бара аплауз пред да ја одигра својата улога. Тој е чиста спротивност на историските нагони за локализацијата на бекап решенијата со која купувате софтвер за бекап, плус хардвер за бекап, плус годишни апдејти за кои дополнително ви се потребни знаење и ресуси кои ќе се грижат за истото.

Со B-Up, вие добивате целосна услуга која не бара ангажман а Ви заштедува време и ризик. Како заинтересиран корисник, Вие добивате 25 дена бесплатен пробен период во кој користите целосно функционален сервис со поддршка за тестирање. Доколку ви ги исполнува очекувањата, можете да го активирате сервисот за што плаќате месечна претплата. Цените почнуваат од 399 денари месечно за продуктот DocuUp, со неограничен простор за автоматски бекап на документи.

За да го доближиме нашиот модел, за да ја подигнеме свесноста за значењето и суштината на бекапот Ние организираме конференција, која ќе биде прва онлајн конференција по повод светскиот ден на бекапот (WorldBackUpDay).

Што ќе бидат клучните поенти од таа конференција?

Додевска: Конференцијата има за цел едно – да ја вгради идејата за неопходноста на бекапот во дигиталниот свет, буквално кај сите. Имањето бекап не треба да биде карактеристика само на оние кои можат да си дозволат или кои имаат доволно познавање за истото. Имањето резервен план е за сите. За посигурен дигитален свет. Затоа e насловен како Let’s Make BackUp for All – ајде да направиме бекапот да биде достапен за сите.

A.T.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите