07 Октомври, 2024
0.0355

Јаневски: Забегани сте вие - дами и господа, од Собранието и од Владата

Објавено во: Македонија 16 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Водителот Огнен Јаневски упати жестоки критики кон власта на СДСМ и ДУИ за начинот на кој го донесе Законот за употреба на јазиците и тоа што се дозволи овој потег да биде основа за нови поделби и тензии во општеството. 

„Забегани сте вие - дами и господа, од Собранието и од Владата на Република Македонија! Народов ни се „закла“ деновиве, вие денеска си носите измени во Законот за пушење, за којшто имавте сериозни критики и коментари. Впрочем, исто како и за Законот за јазиците.

Вака како што сте тргнале со непослушност кон граѓаните, со терањето инает и со жмровско силувачко однесување во однос на законодавноста во Македонија, нема далеку да стигнете, а за (со)животот тука, пак, ич!!!! 

„Се проблематизира препораката за почеток на преговорите за членство во ЕУ!“ !!!

ДПМНЕ го корнеше поставениот асфалт кон ЕУ и НАТО, вие со Законот за јазици од вчера, но и со уназадувањето на Законот за пушење од денеска, и чакалот го растргувате, а сте партија која во изминатата нецела година токму на тој пат се посветивте повеќе, отколку на калдрмиве внатре во државата!

ДУИ како тенеќе-партија е истоветно зло со ДПМНЕ! 
ДУИ ги разгорува и постојано на жежок пламен ги одржува меѓуетничките тензии во државава, сегрерирајќи ги граѓаните по етничка, религиска и културолошка основа!
Натемаго-то на Груевски - ДУИ, си го зедовте да си биде и ваше! А видовте какви тикви садеа претходно! Начинот на којшто водите љубов е погубна за граѓаните и за државата!

Мојата критика е особено насочена кон ДУИ како партија! ДУИ не е ексклузивен и генерален одраз на Албанците во државава. ДУИ е мафијашка структура која успева да држи монопол со малцинските гласови во државава и на тој начин е уценувач на сите нас во оваа држава за своите ситно-политички интереси и националистички погледи, врз коишто извлекува поени, колку за да се одржува во живот и притоа да не биде предмет на истражувања, судски процеси и законски прогони!

Албанците и дел од останатите малцинства во РМ носат најмногу одговорност кога станува збор за одржувањето на ДУИ во живот! Како што сите заедно се решивме од режимот на Груевски и ДПМНЕ, така треба да се покрене и решавање на сите со ДУИ.

Вака - оваа држава нема да ја биде! Зашто силеџиството и силувачкиот пристап на ДУИ, кој е дел одлика и на ДПМНЕ, се пресликува и во СДСМ, а со тоа ни се проблематизираат сите наши надежи за да станеме дел од меѓународните организации и конечно да живееме некаков живот, каков-таков, а сепак подобар од овој кој ни е закочен некаде пред години, на исто нивo, ако не и полошо, напиша Јаневски на социјалните мрежи.


Можеби ќе ве интересира

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер