Jанко Медја првиот човек на НЛБ–Словенија даде оставка: „Банката ја оставам во добра форма“
Објавено во: Балкан, Економија 09 Февруари, 2016 13:51
Претседателот на УО на НЛБ Јанко Медја во петокот даде оставка, година и пол дена пред крајот на својот редовен петгодишен мандат, а на тоа место ќе го замени досегашниот член на управата Блаж Броднјак, потврди најголемата словенечка банка која е во 100 процентна сопственост на државата.
За неговата оставка се нагаѓаше веќе подолго време, и се тврдеше дека ќе биде сменет следната недела, после планирани промени во управниот одбор на банката. Неофицијално, причината на смената се различните погледи на Медја и сопственикот на банката на нејзиното работење и модел на идна приватизација.
Банката според барањата на Европската комисија до крајот на 2017 трееба да се приватизира.
Банката владата ја дефинирала како стратешка инвестиција, па во неа државата ќе задржи 25 процентен сопствен удел плус една „златна“ акција.
„Банката ја напуштам во стабилна состојба, одлични резултати и добри трендови“, рекол Медја поднесувајќи оставка.
Откако државата ја докапитализирала и надоместила загуби поради лошите кредитни пласмани на НЛБ во последните две години, прв пат после низа загуби започнати во 2008 година, повторно работеше позитивно, а лани по првите оценки имала 62 милиони евра добивка.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




