Јанкулоска кажа дали би се сретнала со Никола Груевски
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2023 20:21
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска вечерва во „360 степени“ изјави дека во затворот додека ја издржува казната најмногу ѝ недостига семејството.
Рече дека сопругот и синот три години ја посетуваат во затворот. Кажа дека со екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се сретнуваат во затворот и се во коректни односи.
Јанкулоска рече дека од сопартијците е блиска со екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанкиески кој исто така е во затвор.
„Јас не можам да одберам со кого, кога ќе се сретнам, затоа што се сретнувам само кога сум на домашно отсуство“, изјави Јанкулоска за средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Таа рече дека тоа било можност да се информира за некои работи поврзани со политичките случувања кои не ѝ се јасни. Јанкулоска вели дека иако е во затвор, интересот за политичките случувања кај неа не се намалил.
„Партијата не е еден човек и еден тим, партијата е идеја и ние со неа се идентификуваме“, вели екс министерката.
Јанкулоска рече дека последната нејзина комуникација со екс премиерот Никола Груевски кој избега во Унгарија, била една недела пред тој да ја напушти Македонија. Вели дека таа нема проблем да се сретне со било кого, но не знае дали тој би сакал да се сретне со неа.
„Факт е дека тој беше жртва на политички прогон, но тој чекор што го направи, ја промени динамиката, и тој чекор, ни тогаш, ни сега не го одобрувам“, изјави Јанкулоска.
Вели дека на огромно мнозинство во државата им е јасно како резултат на каков судски процес таа е во затвор и издржува казна.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




