Јанушев честиташе празник, а ниту збор за „Дизајн“
Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2018 15:44
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, упати честитка на Фејсбук по повод националниот празник 11 Октомври, но се уште нема излезено во јавност да даде коментар за новиот случај „Дизајн“ што го отвори СЈО. Поранешниот премиер Никола Груевски и актуелниот вицепремиер Бујар Османи веќе дадоа свое јавно видување за вчерашните истраги што ги објави Специјалното јавно обвинителство.
- Нека ни е честит 11 Октомври, денот на народното антифашистичко востание на македонскиот народ.
Нека ни е вечна Македонија!“, напиша попладнево Јанушев во својата група.
Во новата истрага на СЈО наречена „Дизајн“ опфатени се четири службени лица поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, меѓу нив, и генсекот на ВМРО-ДПМНЕ..
СЈО објави дека постои основано сомнение дека во периодот од 2009 и 2010 година осомничениот Миле Јанакиески како министер за транспорт и врски, осомничената Снежана Филиповска Павлеска како претседател на Комисијата за спроведување јавни набавки, а осомничените Игор Јанушев и Јулијана Јанкуловска Атанасова како членови на комисијата за спроведување јавни набавки, на двокатни автобуси за град Скопје, формирана од Министерството, ги искористиле своите службени положби и овластувања и за економскиот оператор „Јутонг“ од Кина прибавиле корист, односно незаконско повластување – фаворизирање во постапката и склучување договор за набавка на 202 двокатни автобуси, нанесувајќи му штета на буџетот на РМ во износ од 5.000.000 евра.
Можеби ќе ве интересира
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите




