06 Декември, 2025
0.0348

Јапонија има речиси 59.000 стогодишници

Објавено во: Стил 15 Септември, 2014 21:00

Добивај вести на Viber

Во Јапонија, земја позната по долговечноста, има точно 58.820 стогодишници, соопштено е денеска во Токио по повод националниот Ден на почитувања за старите лица.

Јапонката Мисао Окава, која има 116 години, е најстарата жена, и воопшто личност на светот, според Гинисовата книга на рекорди.

Најстариот маж на светот е исто така Јапонец. Тоа е Сакри Момои, кој има 111 години. Неговото име е прикладно на неговите години, бидејќи Момои го означува бројот 100 на јапонски, додека Сакри може да се преведе како „оној кој цвета во изминатите години“.

Тајната долговечност во Јапонија лежи во здравата исхрана, но и во ефикасниот здравствен систем и големо почитување во однос според старите лица.

Жените живеат подолго од мажите, бидејќи 90 одсто од стогодишниците во Јапонија го сочинуваат жени.

Просечниот животен век за Јапонија е 86,61 година а за мажи 80,21. Во текот на 2013 година, во светот имало 441.000 годишници, а до 2050 се очекува да бидат 3,4 милиони.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: