Јапонскиот берзански Ролеркостер
Објавено во: Анализа 07 Јуни, 2013 09:32
Како што веќе имаме пишувано Јапонската централна банка реши да тера по патот на Бернанке, т.е. да се отпечати излезот од кризата. Јапонската економија со години се мачи со дефлација и е најзадолжената развиена земја. Сепак долгот е најмногу домашен, редовно се финасира и засега не преставува причина за некоја поголема загриженост. Јенот исто така е една од резервните светски валути, иако неговото учество е минорно споредено со доларот и еврото.
Значи по одлуката за олабавена монетарна политика, берзата во Јапонија почна да се движи како по ролеркостер. Дополнително тензиите ги подигна и шпекулацијата дека пензиските фондови ќе може поактивно да се вклучат во купување на акции. Сето ова беше причина, берзата да почне да расте со забрзано темпо.
За разлика од американската берза главни играчи во Јапонија се индивидуалните инвеститори. Ова е можеби главна разлика во начинот на кој берзата во оваа земја фунционира. На пример последната недела во тргувањето домашните мали инвеститори учествувале со 40% од прометот.
Но изминатава недела благодарение токму на овие мали инвеститори берзата забележа неделен пад од 12%, кој постепено успева да го врати. Но, ова покажува дека берзите секаде фукционираат исто и се водени од психологијата на масите. После големите растови логично се очекуваат големи падови. Сепак во случајот на Јапонија овој пад како да беше дочекан од странските инвеститори кои купија за 270 милиони долари повеќе акции отколку што продадоа.
За краток период јапонскиот NIKKEI индекс дојде до психолошкото ниво од 16.000 поени, или 100% раст во период од една година. За очекување беше оваа корекција на ниво од под 14.000 поени, посебно имајќи ја предвид силината на последните скокови на акциите.
Стравот од владините политики и политиките на централната банка остануваат главна грижа на инвеститорите, на оваа земја која се чини дека зенитот на растот го достигна. Нејзина главна цел ќе биде да го задржи стандардот за кој толку тешко се мачеше да го достигне во изминативе декади.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





