Јапонскиот јен порасна, извозот во земјата се намали
Објавено во: Економија, Свет 19 Август, 2016 10:12
Јапонскиот јен порасна, а извозот во земјата се намали минатиот месец.
Извозот во јули имаше најостар месечен пад во седум години, поради јакнење на јенот кој ги намали изгледите на извозниците.
Регистрирани се помали испораки на автомобили, бродови и челик, покажаа официјалните податоци. Показателите за извозот се поразителни, иако Јапонија оствари поголем трговски суфицит од очекуваниот покрај падот на увозот со најголема стапка од 2009 година.
Слична беше состојбата и во месец мај, кога јенот зајакна, а извозот се намали со 11,3% на годишна основа.
Најголем трговски партнер на Јапонија е Кина. Во првото полугодие од 2016 година, јапонскиот јен поскапе за околу 15% во однос на доларот во позадина на очекувањата за повисоки камати во САД и побарувачката на валутата како засолниште.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка




