16 Април, 2024
0.0241

„Јас го исклучив Тито од апарати но не го убив“ - Се за последните мигови на Јосип Броз Тито

Објавено во: Стил 04 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Пред 39 години, на 4 мај почина Јосип Броз Тито - неприкосновениот лидер на Југославија, воен командант и еден од основачите на Движењето на неврзаните.

На чело на Југославија беше цели 35 години а на неговиот погреб дојдоа повеќе од 200 светски државници од цел свет.

Тито на апарати за дишење беше во последните 68 денови од животот. Храна добивал со инфузија.

-За државниот врв е важен не само секој ден, туку и секој час живот на Тито - рекол лекарот на Тито Стане Доланац, моќен шеф на полицијата и човек кој многумина го гледале како наследник на Тито, пишува 24 часа.хр.

Тито не сакал да му ја отсечат ногата

Додека уште бил при свест, Тито упорно одбивал ампутација иако било евидентно дека гангрена ја зафатила целата лева потколеница. Според зборовите на личниот лекар на Тито, Предраг Лалевиќ, тоа траело се додека Тито не видел како му изгледа ногата.

Лалевиќ цели 15 години бил личен лекар на Тито а тој раскажал и дека токму тој го исклучил од апаратите но дека не го убил тој.

-Операцијата помина без инциденти и Тито дури почна да прима посети на интензивна нега. Го посетија синовите Жарко и Мишо. Веќе размислувавме за заминување на Брдото кај Крањ кога почнаа компликациите. Најпрво со бубрезите а потоа и други. Претседателот беше на респиратор цели 68 дена. Предвидувања колку уште може да преживее ако му ја ампутиравме ногата веднаш би било чиста шпекулација. Темата за смрт никогаш не е споменувана во разговорите освен што тој, одбивајќи операција рече: -Јас долу одам само во едно парче-рекол членот на докторскиот конзилиум на Тито, хирург и анестезиолог.

-Јас на крај го исклучив од апаратите кои го држеа во живот, но ни на шега не може да се каже дека јас го убив. Десет минути претходно беше мртов. Немаше спас за него - рекол доктор Лалевиќ.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре