Јас пред тебе
Објавено во: Стил 19 Јуни, 2019 11:54
Здраво Прелепотици,
Мајка ми цел живот вика, да не ти даде Господ да видиш колку можеш, конечно скапирав дека немам граници на можење. Во мојов живот никогаш не сум си дала на значај себе си, секогаш си наоѓав мани, никогаш не ми беше ништо доволно добро, си препишував дека сум перфекционист, дека никогаш ништо не е доволно добро, дека не вреди ништо од моето сработено, дека не знам што сакам, дека никој околу мене не е среќен, дека сум премногу.. Си се крстив тешка, не мислам на килажа да се разбереме тоа по секако секогаш ќе е така, тешки ми се коските нели. За на крај да сфатам дека не, јас не сум тешка жена, јас само точно знам што сакам. Тоа што го сакам е еднакво и валидно на она што можам да го понудам назад, и на пријатели и на партнер, и најмногу за она што го работам. Тоа што сум и ме дефинира како индивидуа. Да, знам веќе, не може да биде совршено, секогаш ќе има проблеми, секогаш едниот ќе згреши, но има и граница на толеранција без компромис што е дозволена и препорачлива за да се заштитите од сите оние кои ви тежат.
Целата колумна на Ивана Кнез читајте ја на Женски магазин, тука.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





