„ЈАС СУМ СЕКОЈА НЕДЕЛА ТАМУ НА СОСТАНОЦИ И ГО ДОТЕРАВМЕ ВО РЕД“: Трајановски за тоа зошто сега заживеа изградбата на автопатот кон Охрид
Објавено во: Економија 24 Јуни, 2025 08:59
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, во изјава за поткастот на неговата партија, истакна дека во минатото немало доволно координација помеѓу надзорот и изведувачот и затоа не се ни градел автопатот Скопје-Охрид.
Трајановски рече дека немало ниту доволно присуство на Државни патишта на терен.
„Мислам дека со моето присуство, скоро секоја недела сум таму на состаноци, сето тоа го дотеравме во ред и мислам дека резултатите веќе се гледаат и на терен. Се гледа кога одите накај Охрид дека има многу механизација, многу луѓе и на главниот пат и на пристапните патишта“, рече тој.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




