ЈАСМИНА ЃОРГИЕВА: Како да спласнува тивкиот бојкот на дијаспората на пописот, сега има повици дека попишувањето е патриотски чин
Објавено во: Македонија 19 Март, 2021
Јасмина Ѓоргиева, портпарол на Државниот завод за статистика, вели дека се чувствува дека во последниве денови како да стивнува тивкиот бојкот на нашинците од дијаспората во однос на самопопишувањето.
„Во однос на тивниот бојкот на нашинците од дијаспората на пописот, да, точно е дека се почувствува во сите јавувања на нашинците од надвор, дека постои такво нешто, но е еве веќе во последниве денови е сменет наративот, и оние кои во првите денови апелираа луѓето од надвор да не се попишуваат, сега веќе повикуваат буквално сите кои ги исполнуваат условите за самопопишување да го сторат тоа, бидејќи се смета дека тоа е еден патриотски чин и навистина е долг кон својата татковина“, рече Георгиева.
За стравувањата дека овој тивок бојкот од дијаспората би се пресликлал и овде во земјава кога ќе почне пописот на терен на први април, таа рече дека Државниот завод за статистика видел дека такви обиди постојат, но ДЗС ги обезбедил сите услови за непречено и безбедно спроведување на пописните активности. Земјава го нема тој луксуз да си дозволи одложувања на пописот, рече Ѓоргиева.
За наводната злоупотреба на податоците за кои зборува дијаспората, поради што, како што велат, тие стравуваат да се попишат, Ѓоргиева вели дека законот и методологијата во земјава се многу јасни за тоа кој може да се попише.
„Секоја злоупотреба на податоци за цели на самопопишување или попишување овде во државата, во Законот за попис се прецизно наведени санкциите кои следат, плус и во Законот за заштита на лични податоци, па секоја злоупотреба на личен податок е подложна на санкции. Затоа апликациите и софтверот се поставени така да се открива било кој начин или обид за злоупотреба на туѓи податоци. За секој сомнителен податок кој е сомнителен, ќе може да му се открие трагата“, рече Ѓоргиева.
Околу здравствениот аспект на попишувањето, односно дали би се одложил, таа рече дека со Комисијата за заразни болестиЗБ и МЗ работеле интензивно да се подготви протоколот.
„Според самиот протокол, од следната недела преку мој термин почнуваме на дневна основа да ги добиваме сите новодијагностицирани случаи по општини за да можеме да го планираме начинот на нивното попишување, односно периодот во кој тие ќе бидат во изолација, кога излегуваат од изолација, каде живеат и како да се организикра нивното попишување“, рече Ѓоргиева.
На прашањето како домаќинствата да бидат сигурни во здравствената состојба на попишувачите, Ѓоргиева рече дека според протоколот, секлој попишувач ќе биде инструиран, односно ќе има обврска и да стави маска, и да ги дезинфицира рацете, да го дезинфицира лаптопот, и потоа да влезе во едно домаќинство, а кога ќе излезе, повторно ќе го стори истото.
Така што, сметаме дека, почитувајќи ги овие правила, нема причина за сомнеж дека може да се слуичи некој да го пренесе вирусот“, рече Ѓорѓиева.
Според неа, ДЗС работи според протоколите на Владата, и се додека не се донесе поинаква одлука, ќе ги почитува постоечките. Значи, ДЗС не е тој што може да побара одложување на пописот.
На барање на новинарите да се каже кој може да бара одложување на пописот, владиниот портпарол Душко Арсовски рече дека ќе се следат препораките на КЗБ, но во овој момент сите сиоли се насочени кон тоа дека пописот ќе се одржи и да се запазат ситре безбедносни протоколи.
За третиот повик за попишувачи, Ѓоргиева рече дека се сигурни дека до сабота вечер ќе го има обезбедено потребниот број на попишувачи. Таа ги повика сите кои првиот пат не се појавиле на тестирање, сега да се пријава.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.