Добивај вести на Viber
Јавниот долг на Србија во септември е зголемен за околу 740 милиони евра, а до крајот на октомври 2012 година достигна неверојатни 16,59 милијарди евра, пишуваат белградските медиуми повикаувајки се на податоци од српското Министерство за финансии. Вкупните директни обврски на Србија на крајот на октомври изнесуваа околу 14,2 милијарди евра од кои 8,044 милијарди се за надворешниот долг и внатрешен долг од околу 6,16 милијарди евра. Јавниот долг на оваа земја на крајот на 2011 година беше 14470000000 €, што е, како што тогаш беше објавено од страна на Министерството за финансии, 45,1 отсто од БДП.