15 Декември, 2025
0.5173

ЈАВНИОТ СЕКТОР НАЈАВУВА ЖЕШКА ЕСЕН - ќе има протести и штрајкови, „И НАШИТЕ ПЛАТИ ДА ПОРАСНАТ ПОВЕЌЕ, А НЕ САМО ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ“

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2023 15:14

Добивај вести на Viber

Масовен штрајк за наредната недела најавува најголемиот и најрепрезентативен синдикат во земјава. 

Сојузот на синдикати на Македонија на денешната пресконференција најави дека ма тој протест ќе излезе целата јавна администрација. 

Причина е тоа што јавната администрација е гневна од растот на нивните плати за само 10 проценти во услови кога избраните и именувани функционери имаат зголемени плати од 78 проценти.

Првиот човек на Синдикатот, Слободан Трендафилов, нагласи дека врз основа на попишувањето на Општиот колективен договор за вработени во јавен сектор во јули годинава, во ребалансот на Буџетот се обезбедени дополнителни 10 проценти за плати, како и пари за регрес на годишен одмор. Рече дека тоа треба да се почитува.

– До ССМ стигнаа голем број прашања за зголемувањето на платите. Ја користам оваа можност да им се обратам на министрите, на градоначалниците, на раководителите во јавниот сектор дека директно треба да ги применат одредбите од Општиот колективен договор и одредбата за зголемување на платите од 10 проценти. Дополнително што треба да направат е да изготват решение за секој вработен, или да потпишат договор на ниво на работодавач – појасни Трендафилов.

Тој алармираше на огромните разлики, па рече дека сега се случува 90 проценти од вработените во судовите да имаат зголемени плати од 10 проценти и да ги гледаат судиите со зголемени плати од 78 проценти, а така е и во министерствата и во други државни институции.

– Бараме и функционерите да имаат минимална плата помножена со коефициент на сложеност и таа да биде зголемена за 10 проценти од септември. Потоа, предлагаме од март 2025 година кога вработените во јавниот сектор ќе добијат плата формирана од просечна плата помножена со коефициент на сложеност, тоа право да го имаат и функционерите. Ние најавивме жешка есен и ја почнавме во септември и покрај потпишаниот Колективен договор. 

Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ, најави дека на 27 септември во штрајк стапуваат вработени во јавните обвинителства, а наредниот ден, на 28-ми судовите. И нивните барања се раст на платите од 78 проценти, како што е на избраните и на именуваните функционери и да им се вратат додатоци на плати кои ги имаат според закон, а кои не ги добиваат.

– Синдикат на УПОЗ денеска испрати амандман на предлогот на ребалансот на буџетот со кои бараме раст на платите од најмалку 30 до 78 проценти. Проблемите во судовите не се од денеска. До пред март имавме сооднос на вработените во однос на функционерите од еден спрема два, или еден спрема три, сега тој однос е еден спрема 6, односно еден спрема седум. Таква состојба е и во државно правобранителство, служба за водење во матична евиденција, Фонд за здравство, Сите овие служби се под закана на штрајк – вели Деаноски.

Можеби ќе ве интересира

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите