14 Јануари, 2025
0.0247

Јавно-приватните партнерства на ЕСМ во Осломеј веќе продаваат струја, ама 100 вработени уште немаат преземено

Објавено во: Економија 02 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Двете јавно-приватни партнерства кои ЕСМ ги склучи пред три и пол години за изградба на две големи фотоцентрали со вкупна моќност од 100 мегавати се во функција, но 100-тина вработени од РЕК Осломеј, како што беше договорено уште во јуни 2021, уште не се преземени од инвеститорите - турскиот „Фортис Енержи“ и бугарскиот „Солар Про“.

Двете инвестиции на локацијата во кичевски Осломеј, кои веќе испорачуваат струја во мрежата и ја продаваат, покрај предвидените вложени 70 милиони евра, требаше да доведат и стотина работници од рударско-енергетскиот комбинат. Од ЕСМ ни рекоа дека електраните веќе се во функција и дека, според договорот за јавно-приватно партнерство, ќе започне наплатата од партнерите од Бугарија и Турција. Од продадената, односно од произведената електрична енергија, „Фортис Енержи“ и „Солар про“ (ОСМ Солар) треба да му исплатат 18, односно 18,5 отсто од пазарната вредност на струјата како надомест за ЕСМ.

- АД ЕСМ изработува фактури за надомест за јавно приватно партнерство кон ОСМ Солар почнувајќи од 05.02.2024 по завршувањето на 2 месеци од почетокот со пробна работа. 

Кон Фортис Енергетика АД ЕСМ ќе ја изработи првата фактура за ноември 2024 година почнувајќи од 06.11.2024 кога завршува периодот од 2 месеци од почетокот со пробна работа, ни одговорија од државните електрани.

Во РЕК Осломеј, според последниот годишен извештај на ЕСМ, има 860 вработени, а дополнително 66.5 милиони денари (повеќе од еден милион евра во 2023) биле потрошени за привремени ангажмани од агенции за вработување, сума која се зголемила за 12 отсто на годишно ниво.

- Оваа обврска е согласно Договорот за ЈПП и приватните партнери треба да превземат вработени лица од подружница РЕК Осломеј по еден човек за секој инсталиран мегават, односно вкупно 100 лица за инсталирани 100MW моќност. Приватните партнери извршија презентација во подружница РЕК Осломеј пред вработените, при што постапката за превземање на вработени лица се уште е во тек, ни одговорија од ЕСМ.

Договорот за двете јавно-приватни партнерства во јуни 2021 го објави тогашниот премиер Зоран Заев како една од најголемите инвестиции во обновливите извори за производство на електрична енергија во земјава. Обврската на ЕСМ беше да го даде земјиштето за локација кај РЕК ОСломеј, пристапен пат, да направи анализа за условите за производство и балансирање на енергија.

„Фотонапонската електрана од 100 мегавати е конципирана како две постројки од по 50 мегавати. Двете компании на јавниот повик имаа најдобри понуди. Тие на ЕСМ ќе му исплаќаат надоместок за јавното-приватно партнерство во износ соодветен на 18 отсто и 18,50 проценти од произведената електрична енергија за час. Пресметките покажуваат дека заработка на државата би се движела до 1,5 милиони евра годишно. Колку поуспешно ќе работи нашиот приватен партнер толку подобро ќе биде и за нашата држава. Дополнително инвеститорите имаат обврска да земат по еден вработен по мегават, односно 100 вработени од Осломеј за трајно да ги обезбедиме тие наши сограѓани. Тоа само ја потврдува Македонија како одлична дестинација за инвестиции во фотонапонски централи, како и посветеноста на Владата во спроведување на правична енергетска трансформација“, рече Заев.

РЕК Осломеј беше пуштен повторно во употреба пред половина месец како поддршка на грејната сезона. Директорот Сашо Вренцоски пред два дена рече дека новото раководство се соочува со исцрпени резерви на јаглен, затекната катастрофална состојба, неизвршен ремонт на термоелектраната, а половина од деловите потребни за вклучување во производство биле нефункционални.

„Благодарение на заедничките напори на новиот менаџмент и вработените, успеавме според можностите и краткиот период за подготовки да го оспособиме капацитетот, да го вклучиме во електроенергетскиот систем со цел да го зголеми домашното производство на електрична енергија. Доколку имаме дотур на јаглен, се надеваме дека термоелектраната ќе биде во можност да одговори на предизвиците и да помогне во текот на претстојните зимски месеци.“ рече Вренцоски.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

PEVEX КУПИ НЕДВИЖНИНИ ОД ФРАНЦУСКИОТ BRICOSTORE: Развојна експанзија на компанијата и план за пробив во странство

PEVEX КУПИ НЕДВИЖНИНИ ОД ФРАНЦУСКИОТ BRICOSTORE: Развојна експанзија на компанијата и план за пробив во странство

СДСМ: Патот Градско - Дреново е изграден 92 отсто во наше време

СДСМ: Патот Градско - Дреново е изграден 92 отсто во наше време

(ФОТО) Протести пред министерствата, се бара додаток на плата

(ФОТО) Протести пред министерствата, се бара додаток на плата

РАЈАН ЕР ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ, ДО ГЕТЕБОРГ СЕ ЛЕТА ЗА САМО 15 ЕВРА: Летови за ниски цени од Хрватска, Бугарија...

РАЈАН ЕР ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ, ДО ГЕТЕБОРГ СЕ ЛЕТА ЗА САМО 15 ЕВРА: Летови за ниски цени од Хрватска, Бугарија...