19 Декември, 2025
0.0539

ЈЕРМАК ИМА ГОЛЕМА МОЌ: Дали Зеленски паѓа во сенка?

Објавено во: Свет 11 Јуни, 2024 19:37

Добивај вести на Viber

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак добива поголема моќ. 

Со Украина управува шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува Тајмс, повикувајќи се на изјави на повеќе украински функционери за растечката моќ на Јермак.

Овој 52-годишник од претходно го опишуваат како „десната рака на Зеленски“ и „вистинскиот моќник во Украина“, но, според изворите на Тајмс, тој во меѓувреме станал повеќе од тоа.

„Авторитетот на Јермак го надминал авторитетот на сите избрани украински функционери. Некои извори одат толку далеку што во низа интервјуа го опишуваат како „фактичкиот шеф на државата“ или „потпретседателот на Украина“, пишува во текстот на Максим Такер.

Такер, кој претходно работел како активист на Амнести интернешнал за Украина, тврди дека разговарал со припадници на „владата, војската, органите за спроведување на законите и дипломатски извори“, од кои многумина барале анонимност. Јермак го опишува како „најголемата мана“ на Зеленски, а неговото однесување како „жед за моќ“.

Според Дарија Калењук, извршната директорка на Акцискиот центар за борба против корупцијата, „големата грешка на Зеленски е што толкав авторитет му доверил на Јермак, кој очигледно е опиен од власта“.

Воени функционери го обвинуваат Јермак дека го отпуштил генералот Валериј Залужни во февруари, бидејќи го сметал за ривал.

Портпаролот на кабинетот на Зеленски го негира тоа, тврдејќи дека Залужни не е отпуштен, туку унапреден во амбасадор во Британија, „што значи дека ужива повисоко ниво на доверба“.

Портпаролот на претседателскиот кабинет, кој го предводи Јермак, ги отфрла сите критики на сметка на шефот на кабинетот како „пропагандни напади“.

„Зеленски е тој кој ги носи сите клучни одлуки“, инсистира портпаролот.

Јермак е поранешен филмски продуцент кого Зеленски, комичарот кој стана претседател, го доведе во владата во 2019 година. 

Инаку, украинскиот претседател  Зеленски и германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги посетија украинските војници кои се обучуваат за користење на системот за воздушна одбрана Патриот.

foto EPA

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела