08 Јули, 2024
0.1343

Јотова е лута поради инцидентот во Скопје, и потсетува дека внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов

Објавено во: Македонија 28 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Ова е дел од свесната политика на Македонија кон бугарските граѓани, вели бугарската потпретседателка Илијана Јотова. 

Таа го коментираше инцидентот пред натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Левски“ во „Лице в Лице“ на бугарски медиум.

„Ова е дел од свесната политика на Северна Македонија кон бугарските граѓани, без разлика дали живеат на територијата на оваа земја или доаѓаат од Бугарија. За мене е необјасниво зошто нашето Министерство за надворешни работи веќе втор ден не реагира во каква било форма“, рече таа.

Вели дека постојат различни начини на кои тоа може да се направи.

„Најмалку е да се јавиме на амбасадорот на Бугарија во Скопје, за да ја знаеме информацијата од прва рака. Да ги поставиме нашите прашања до РСМ, до владата, до премиерот“, изјави Јотова.

Кажа дека во Северна Македонија има сили кои сакаат да спречат вклучување на Бугарите во Уставот на РСМ.

Актуелните спортски немири во Скопје нема да влијаат на одлуката за уставни измени, но внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов на Софија.

„Внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов. Нашите услови се, се разбира покрај внесувањето на Уставот, почитување на договорот за добрососедство, како и двата протоколи потпишани од двете страни. Откако имаме редовна Влада во Бугарија јас не сум слушнала, дека тие запишани услови на Бугарија во протоколите се исполнуваа. Помина доста време, треба да се направи рекапитулација“, изјави Јотова.

Но, македонското Министерство за надворешни работи веќе го осуди инцидентот и кажа дека полицијата работи на случајот, а на повредениот му е укажана помош.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се идентификувани напаѓачите кои со нож прободеле навивач на „Левски“ вчера во Чаир.

21 е последната бројка на уапсени навивачи од полицијата во Скопје - 19 од нив се приврзаници на „Левски“, а двајца на „Шкупи“. 

Осум бугарски државјани се приведени „за агресија на натпреварот“, двајца за „физички напад врз полицајци“ кои вршеле службени задачи, а деветмина се уапсени „за агресивен однос кон полицијата“. Против нив се чекаат обвиненија.

Двајцата навивачи на „Шкупи“ приведени во полиција го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад. Македонија треба да направи уставни измени за да продолжи да преговара со Европската Унија (ЕУ). 

Можеби ќе ве интересира

„ВРАЌАЊЕТО НА ОГРАДАТА СЕ ПОКАЖА КАКО ПОПРИОРИТЕТНО ОД ВРАЌАЊЕТО НА ИМЕТО“: Се огласи Ванковска со став

„ВРАЌАЊЕТО НА ОГРАДАТА СЕ ПОКАЖА КАКО ПОПРИОРИТЕТНО ОД ВРАЌАЊЕТО НА ИМЕТО“: Се огласи Ванковска со став

ЦРНА ВДОВИЦА: Што може да ви се случи доколку ве касне?

ЦРНА ВДОВИЦА: Што може да ви се случи доколку ве касне?

„ЧОВЕКОТ КОЈ ЖОЛЧНО СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО, ДЕНЕС БЕЗ ГРАМ СРАМ СЕ ОДНЕСУВА КАКО НИШТО ДА НЕ БИЛО“: Филипче со реакција за Мицкоски и неговата посета на Вашингтон

„ЧОВЕКОТ КОЈ ЖОЛЧНО СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО, ДЕНЕС БЕЗ ГРАМ СРАМ СЕ ОДНЕСУВА КАКО НИШТО ДА НЕ БИЛО“: Филипче со реакција за Мицкоски и неговата посета на Вашингтон

АНГЕЛОВ ЈА ПРОСЛАВИ ГОДИШНИНАТА СО НЕГОВАТА СОПРУГА ПЛАНИНАРЕЈЌИ НА ШАР ПЛАНИНА: „Дваесет години заедно, дваесет години љубов, почит и страст“

АНГЕЛОВ ЈА ПРОСЛАВИ ГОДИШНИНАТА СО НЕГОВАТА СОПРУГА ПЛАНИНАРЕЈЌИ НА ШАР ПЛАНИНА: „Дваесет години заедно, дваесет години љубов, почит и страст“

КОЈ Е 42-ГОДИШНИКОТ ШТО ДИЛАЛ КОКАИН НА МОТОР - полицијата го фати, се бара притвор

КОЈ Е 42-ГОДИШНИКОТ ШТО ДИЛАЛ КОКАИН НА МОТОР - полицијата го фати, се бара притвор

Мицкоски со владина делегација во официјална посета на САД

Мицкоски со владина делегација во официјална посета на САД

НА КЛИНИКА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДВЕ МОНТАЖНИ КАТНИ ГАРАЖИ - Таравари вели дека така ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање

НА КЛИНИКА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДВЕ МОНТАЖНИ КАТНИ ГАРАЖИ - Таравари вели дека така ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање

Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов

Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов

Д-Р ЧИБИШЕВ ОТКРИ ДЕКА ПАЦИЕНТ ОД СТРУМИЦА БИЛ КАСНАТ ОД ЦРНА ВДОВИЦА - „Браво за колегите, му го спасија животот“

Д-Р ЧИБИШЕВ ОТКРИ ДЕКА ПАЦИЕНТ ОД СТРУМИЦА БИЛ КАСНАТ ОД ЦРНА ВДОВИЦА - „Браво за колегите, му го спасија животот“