18 Декември, 2025
0.0494

Јован Деспотовски отвора фабрика за водород во земјава, ќе добие 5 отсто од сопствеништвото

Објавено во: Економија 17 Декември, 2024 07:50

Добивај вести на Viber

Британската Hydrogen Utopia International PLC ќе гради фабрика за производство на енергетско гориво водород од нерециклирачки мешан отпад од пластика, а регионалните бизнис медиуми пред неколку дена објавија дека нејзината подружница, HUI2021 International UK Limited склучила договор за услуги и менаџирање со ТФ Капитал.

Инаку ТФ Капитал е фирма од неодамна основана од Јован Деспотовски, поранешниот директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони и кандидат за претседател на СДСМ.

На водородот енергетичарите гледаат како на перспективно алтернативно гориво чија продажба допрва треба да се зголемува со развојот на потребната инфраструктура, а најголемата примена се очекува да ја најде во автомобилската индустрија и во производството на електричната енергија.

„ТФ Капитал има задача да го трасира патот за добивање дозволи и лиценци, да спроведе физибилити студии за различни потенцијални локации во Северна Македонија, да развие сеопфатен бизнис план, финансиски модел и стратегија за влез на пазарот. Дополнително, се очекува ТФ Капитал да ги идентификува потенцијалните клиенти и инвеститори, вклучително и воспоставување владини партнерства, да подготви извештај за обезбедување државна помош и субвенции и да управува со целокупното извршување на проектот“, објави Hydrogen Utopia International

За возврат, HUI ќе му плаќа месечен надомест  од 5.000 евра на новоформираната фирма на Деспотовски во наредните 18 месеци, или до добивањето на градежната дозвола, а ТФ Капитал ќе добие и 5 отсто од сопствеништвото над новоизградената фабрика како домашен бизнис субјект.

Како што е најавено, HUI има за цел да стане една од водечките нови европски компании специјализирани за претворање во гориво без јаглерод на мешаната пластика што не може да се рециклира. Планот е приходите да се собираат од разни извори, а ќе се дефинира и тоа како ќе се плаќа откупот на отпадот како суровина.

Деспотовски е сопственик и главен извршен директор на ТФ Капитал, основана во септември. Претходно тој сам поднесе оставка како директор на Дирекцијата за ТИРЗ , не чекајќи да биде заменет со нов функционер од новата власт. По нешто повеќе од два месеци од оставката, стана сопственик на претпријатието за „управувачки дејности“. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа