05 Мај, 2024
0.0324

Јовановски: Превозниците немаат избор освен да го радикализираат протестот, четири месеци се без приходи

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Директорот на приватниот автобуски превозник „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, во вечерашното гостување во „Дневникот“ на ТВ Сител најави можна радикализација на протестот на приватните превозници се до решавање на проблемот и исплата на долгот од страна на ЈСП „Скопје“.

Како можна опција, Јовановски го посочи штрајкот со глад, но како што рече, останува на превозниците да одлучат во која насока би се движела евентуалната радикализација на протестите.

„Приватните превозници коленичеа неколку пати пред градското собрание да бидат примени и барем сослушани од градоаначалничката која во предизборието им ветуваше дека ќе биде со нив за секој проблем. Гледаме дека не сака да ги прими. Нема што да бараме некој да не прими ако тој не сака. Бидејќи таа не знае како, и е сплеткана во таква пајажина, од која, сигурен сум дека не може да излезе, нека остави на стручните служби на ЈСП, на секторот за сообраќај и нас како приватни превозници на еден стручен начин да изнајдеме решение како да им се излезе во пресрет на граѓаните. Но, ако градоначалничката нив им се заканува и не им дозволува да контактираат и да ја завршат работата онака како што е предвидена во одлуките и законите тогаш ќе тонеме во еден ваков правец“, вели Јовановски од „Слобода превоз“.

Прашан како утрешниот протест на приватните превозници со кој ќе бидат блокирани повеќе улици во главниот град нема да го загрози правото на слобода на движење на граѓаните, Јовановски порача дека протестите изминатите денови не вродиле со плод и затоа е донесена одлука за блокада на повеќе крстосници во Скопје.

„Протестиравме на ‘Илинденска’, протестиравме пред градското собрание, протестиравме и пред ‘Мавровка’. Никој ништо не реагира и нема резултат. Рековме дека ќе се радикализираат протестите. Утре приватните превозници решија да ги прошират протестите и на тој начин. Ако некој нив и натаму не им верува, а ѝ верува на градоначалничката на сите невистини коишто ги зборува, нека дојдат да ги видат. Следниот чекор ќе биде да си ги изнесат жените и децата и тие ќе покажат дека немаат што да јадат“, рече Јовановски и додаде дека ова е прв протест по 1999 година во кој приватните превозници мораат да излезат на улица и да протестираат поради, како што кажа, неможноста да го објаснат проблемот меѓу ЈСП, Градот и превозниците.

Утре во Скопје посебен сообраќаен режим од рано наутро, приватните превозници повторно ќе протестираат

Во однос на последната изјава на директорот на ЈСП, Александар Стојковски, кој потврди оти претпријатието им должи на приватните превозници, но дека долгот е наследен од неговите претходници, Јовановски од „Слобода превоз“ вели дека на овој начин кој и да дојде на чело на ЈСП вината ќе ја префрла на претходниците и нема да го признава долгот кон приватниците.

„И сега испаѓа дека тие може да си менуваат директори и како кој ќе дојде нема да го признаваат долгот на претходниот, а приватните превозници ќе останат, еве сега веќе четири месеци без приход. Како очекуваат и граѓаните приватните превозници да сервисираат ако немаат пари ни за нафта? Четири месеци возачите немаат земено плата. Некој што е избран да се грижи за граѓаните тој треба да преземе нешто. Овде од позиција на градоначалник се покажува одредена моќ и задоволување на некои лични суети коишто се генерираат на сите нас“, додава тој.

Јавниот повик кој го најави Град Скопје, а на кој ќе може да се пријават сите приватни превозници кои сакаат да вршат превоз во главниот град, Јовановски вели дека е во спротивност со низа закони, и како што рече, смета дека ќе пропадне.

За утре се најавени протести со блокади на три клучни раскрсници во главниот град.

Можеби ќе ве интересира

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне