26 Април, 2024
0.0296

Јовески: Во моментов се уште нема докази за бегството на Груевски

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Една година по бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Будимпешта, републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека и натаму нема конкретни докази за начинот на бегство на осудениот на двегодишна казна затвор во случајот „Тенк“, ниту пак за тоа кој му помогнал во бегството.

-Обвинителството собра повеќе материјални и вербални докази. За жал, до дел од доказите не можевме да дојдеме поради одговорот од страна на надлежните органи од Албанија. Се работи на предметот, но до овој момент нема конкретни докази за начинот на бегство на осудениот Груевски, ниту кој му помогнал во бегството. Постапката се води за да се утврди евентуална кривична одговорност на определени лица инволвирани во бегството. Пропустите во работењето на институциите не се во надлежност на Јавното обвинителство и секоја институција треба да ги утврди и да преземе мерки за нивно отстранување, вели Јовески во интервјуто за „Независен“.

Покрај тоа што не постојат услови да биде верификувана истрагата во обвинение, истовремено во моментов од „Интерпол“ не е ниту објавена потерницата за Груевски за случајот „27 април“.

- Официјален одговор нема, иако е побаран од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Од наша страна се преземени сите потребни дејствија согласно со меѓународната процедура и до тука се нашите ингеренции, додаде Јовески.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот