Јовески: За иста работа два пати се делеле надоместоци во СЈО
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2019 16:49
Првичните согледувања околу исплатите на бонусите во СЈО покажале дека за иста работа два пати се делеле надоместоци во СЈО, изјави републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Вели дека сомнение фрла тоа што додатоците за плата биле класифицирани информации.
„Втората насока е дека платите и надоместоците се регулирани со законите. Како што е познато јавните обвинители по три основи имаат додатоци кои не може да надминат 35% од плата, односно трите вида додатоци, за ризик, за доверливост и за услови за работа. Првичните согледувања покажуваат дека по ист основ два пати се делеле надоместоци. Ако видите апсурдите до каде се донесени во делот на трошењето на државните пари, дека на пример еден секретар, има поголема плата од претседателот на државата. Дали е тоа оправдано, логично, треба да процениме. Со ова не ја прејудицирам постапката што обвинителството ја води“, рече Јовески.
Платата на обвинителите во СЈО која како институција да гони најтежок криминал делумно заради самата природа на кривичните дела, делумно заради субјектите кои учествуваат во нив и тоа во најтешкиот период во државата изнесуваше 1300 евра, односно беше за 300 евра повисока од платата која ја примаа обвинителите во другите обвинителства, изјави вчера обвинителката Фатиме Фетаи, додавајќи дека за таа плата обвинителите од СЈО постапувале пред Основните, Апелационите и пред Врховниот суд.Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




