19 Декември, 2025
0.0449

ЈП Државни патишта предаде 65.000 М-Смарт картички, од денеска бесплатна патарина по Коридор 10 за српските возила

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2021 08:13

Добивај вести на Viber

Од денеска стапува во сила одлуката на Владата за бесплатна патарина за српските државјани по коридорот 10. Јавното претпријатие до 15 август. до кога трае одлуката, треба да дистрибуира 200.000 М-Смарт картичките кои ќе се изработуваат сукцесивно, според утврден акциски план. 

Сумата која е ставена како припејд кредит за наплатните станици од Куманово  до Гевгелија е во висина од 760 денари, како надомест за патарина во двата правци додека самата електронска картичка М-Смарт Кард чини 100 денари.

ЈПДП вчера му ги предаде првите М-Смарт картички на Министерството за внатрешни работи кое од денеска ќе ги распределува на возилата со српски туристи што ќе поминат на ГП Табановце. 

- Првите 65.000 М-Смарт картички се веќе изработени и денеска ќе бидат предадени на Министерството за внатрешни работи, а понатаму останатите ќе се изработуваат сукцесивно според динамиката која ќе биде диктирана од интересот на српските возила, ни изјави Жаклина Величковска, советникот за односи со јавност во јавното претпријатие.„Државни патишта“.

Претходно директорот на претпријатието Ејуп Рустеми објасни дека рампите на патарините за српските државјани нема да може слободно да се креваат за српските возачи без смарт-картичките, бидејќи според Законот за јавни патишта, ослободени од плаќање се единствено полициските возила, возилата во полициска придружба, Брза помош, армиски возила, погребално возило и други возила кои по основ на инвалидитет се  ослободени од плаќање патарина.

„Од друга страна, нашата детална анализа покажа дека употребата на МСмарт картички е најефикасен начин да се одговори на Одлуката за ослободување од плаќање патарина за возилата на српските туристи. Имено, предноста на смарт картичките е таа што им се овозможува на корисниците на патот брзо и непречено поминување на наплатните Станици од Коридор 10, без чекање, со што ќе им се олесни самото патување. Оваа опција (со М-Кард) е многу побрза и побезбедна од алтернативниот начин со издавање на посебен документ, затоа што во тој случај, возилото ќе  треба да застане на наплатната станица и да го даде документот на увид, со што би се направил застој, непотребна гужва и секако, непотребна нервоза“, изјави Рустеми во интервјуто што го даде за МИА изминатиот викенд.

Владата на 25 мај го задолжи Министерството за финансии да префрли средства во износ од 172 милиони денари за набавка на 200.000 М- Смарт Кард на сметката на Владата, а  ЈП за државни патишта да изврши сукцесивна испорака на предвидените количини на М- Смарт Кард. Откако ќе заврши проектот, во случај на неискористени средства, истите треба да се врата на сметката на Буџетот.

Оваа мерка е со цел да возратиме на Србија за хуманиот гест и помошта во вакцини. Премиерот Зоран Заев претходно најави дека ќе се донесе одлука за ослободување на српските туристи од плаќање патарина од 15 јуни до 15 август во знак на благодарност за вакцините против Ковид-19 што Белград му ги даде на Скопје. 

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии