27 Април, 2024
0.0256

Јуанот дојде до шестгодишно дно во однос на доларот

Објавено во: Економија 24 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Просечниот девизен курс на јуанот во однос на американскиот долар го достигна шестгодишен минимум во однос на доларот, откако централната банка на Кина го намали за уште 0,2%. 

Народна банка на Кина денеска го утврди просечниот девизен курс на јуанот кон доларот на ниво 6,7690, што е со 132 поени повисоко за разлика од  петокот кога беше 6,7558.

Официјалниот претставник на Државниот завод за статистика на Кина, минатата недела рече дека неодамнешната девалвација на јуанот се должи на надворешните фактори и нема причини за долгорочно поевтинување на кинеската валута.

Во август 2015 година Народната банка на Кина нагло го ослабе јуанот кон доларот (одеднаш со 3% - од 6,20 до 6,40), и тоа ги потресе светските берзи. Подоцна кинеската централна банка се насочи кон стабилизирање на јуанот. Потоа имаше три бранови на слабеење на кинеската валута: во зимата 2015/2016 (до 6,55), во јули 2016 година (до 6,67), а третото започна во октомври.

По првиот бран експертите тврдеа дека банката намерно го девалвира  јуанот, за да се стимулира извозот, што беше негирано од властите.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност