20 Мај, 2024
0.0272

ЈУБИЛЕЈ КОЈ ГОВОРИ ЗА УСПЕШНА ОДРЖЛИВОСТ - РАДЕ КОНЧАР СЕРВИС БЕЛЕЖИ 75 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Објавено во: Економија 29 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Три четвртини век во кој се преживува единствено поради подготвеноста за трансформација, решителноста за трајност и негување на традицијата. Тоа е успешната приказна за 75 години традиција во постоењето, со што ретко која компанија може да се пофали

Неколку пати трансформирана, надградувана и стратешки ре-позиционирана, Раде Кончар Сервис успеа да одолее на сите премрежија и да остане на врвот во својата дејност. 

Раде Кончар Сервис која е и активна членка во Здружението на метална и електроиндустрија при Стопанската комора, денес бележи 75 години постоење и претставува национален лидер кога станува збор за производство и сервисирање на трансформатори. 

Раде Кончар Сервис е единствена компанија на Балканот и пошироко која поседува постројка за деконтаминација на трансформатори контаминирани со ПХБ. За оваа дејност е наградувана во европски рамки поради огромниот еколошки придонес.

„Испорака на стандарден квалитет, подготвеност за адаптирање на потребите на пазарот, и секако вложување во човечкиот капитал се основа на кои ја темелиме нашата компанија, преку која ја градиме и неjзината иднина”, истакна Владанка Трајкоска, директор на Раде Кончар Сервис.

Иднината на Раде Кончар Сервис е во непрекинатото подобрување на квалитетот и ефикасноста на производствениот процес за зголемување на постоечките капацитети, како и во инвестиции во нови технологии, автоматизација и роботика. Притоа, континуирано се работи на подигнување на нивото на производство на трансформаторите, чија моментална примена се наоѓа во фотоволтаични и хидро централи, индустријата, градежништвото, европските дистрибутивни мрежи. Целта се светските пазари со повисоки перформанси, енергетска ефикасност и еколошка издржливост.


Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра