19 Декември, 2025
0.0486

Југохром чека дозвола за филтрите

Објавено во: Економија 03 Март, 2016 08:51

Добивај вести на Viber

Југохром за половина месец  очекува да  добие градежна дозвола и да почне да го гради системот за отпрашување. Фабриката по два месеци пауза, пред два дена ги вклучи печките, но без филтри на оџаците. Југохром веројатно до крајот на октомври ќе работи без филтри и ќе придонесува за загадувањето на воздухот во Тетово. Од Министерството за животна средина објаснуваат дека засега немаат податоци дали  прекинот во работењето го намалил загадувањето, и ќе се чекаат резулати од хемиска аналзиа. „Само со хемиска анализа ќе се знае точно што и во колкав процент учествува во составот на воздухот во Тетово и околината. Од таму ќе се откријат и изворите на загадување, поточно ќе се знае колкав процент од загадувањето е од Југохром, колку од сообраќајот, колку од затоплувањето“-велат од ресорното министерство. Споменатата анализа ќе се прави следниот месец. Од Југохром велат дека до октомври со филтри сигурно ќе бидат најголемите печки во вториот погон, а ќе се направат напори во системот за отпрашување да влезе и третиот погон. Во првиот погон се најмалите печки, кои можат и да не работат додека не се завршат инвестициите.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба