05 Декември, 2025
0.0570

„Јужен тек“ ја одмина Грција

Објавено во: Балкан 14 Ноември, 2012 09:35

Добивај вести на Viber

Рускиот енергетски гигант Газпром соопшти дека Грција е отстранета од плановите за изградба на гасоводот „Јужен тек“, кој треба да почне со испорака на гас кон Западна Европа во 2015 година, објави електронското издание на грчкиот весник Катимерини. Високи претставници на Гаспром на прес-конференција во Москва рекле дека ваквата одлука се должи на фактот што побарувачката на грчкиот пазар не може да ја покрие вредноста на инвестицијата. Бугарија пак треба да потпише за „Јужен тек“ во четврток, кога таму ќе пристигне директорот на Гаспром, Алексеј Милер. „Нема да градиме гасовод, кој ќе стои празен“, истакна Леонид Чугунов, шеф на одделот за управување со проекти во Газпром. Тој рече дека неговата компанија се откажала во блиска иднина од плановите да изгради јужен дел на гасоводот, кој ќе стигне до јужна Италија преку Грција, истакнувајќи дека нивниот проект е насочен само кон пазарите кои се способни да понудат можности за поголема потрошувачка . Според него, ова не е случај ниту со Грција ниту со јужна Италија. Ако Грција има потреба од повеќе гас, тој ќе дојде преку Бугарија и Турција, појаснува Чугунов. Претседателот на Гаспром Алексеј Милер вчера потврди дека изградбата на „Јужен тек“ се очекува да започне до крајот на годината. Плановите за грчкиот огранок „Јужен тек“ дојдоа како резултат на особено добрите однос меѓу Атина и Москва, посебно за време на мандатот на поранешниот премиер Костас Караманлис и беа поврзани со позитивниот став на неговата влада кон рускиот проект за нафтоводот Бургас-Александрополис. Како што оценува весникот Катимерини, уште тогаш било јасно дека грчкиот дел на „Јужен тек“ нема да се базира на финансиски критериуми. Извори од енергетскиот сектор појаснуваат дека сепак, поради интересот на Газпром за грчкиот пазар на гас, останува отворена можноста за дополнително враќање на Грција во плановите за „Јужен тек“, пишува грчкиот весник.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година