19 Декември, 2025
0.0401

Јужен ток го забранија, гасоводот ТАП може иако е прескап!

Објавено во: Економија 04 Март, 2016 14:19

Добивај вести на Viber

Европската комисија (ЕК) даде зелено светло за влез на новиот гасовод во Европа.

ЕК соопшти дека спогодбата на грчките власти и Трансјадранскиот гасовод ТАП е во согласност со правилата за државна помош на ЕУ, со што е дадено зелено светло за влез на новиот гасовод во Европа.

Како што оценила ЕК, благодарние на ТАП ќе бидат унапредени безбедноста и диверзитетот на испораките на енергија во ЕУ без непотребно нарушување на конкуренцијата на единствениот пазар .

ТАП претставува европски крак на Јужниот гасен коридор кој треба да го поврзе пазарот на ЕУ со нови извори на гас.

Гасоводот ТАП, чиј почетен капацитет ќе биде 10 милијарди кубни метри гас годишно, ќе транспортира од 2020 гас од полињата Шах Дениз II во Азербејџан до пазарот на ЕУ. Тап ќе оди од грчката граница преку Албанија до Италија под Јадранското море.

Тој гасовод ќе го градИ и со него ќе управува компанијата Трансјадрански гасовод АГ, заедничко претпријатие на повеќе компании. Тап АГ во проектот ќе вложи 5,6 милијарди евра Во текот на пет години од што 2,3 милијарди во Грција.

Грчките власти и компанијата ТАП потпишале спогодба за гасоводот со кој се утврдени обврски на двете страни. Со спогодбата е предвиден и посебен даночен режим за ТАП на период од 25 години од почетокот на работата.

Бидејќи тоа би можело да понуди економска предност на компанијата во однос на конкурентите кои нема да уживаат во специјален даночен режим, Комисијата морала да преиспита дали таа одредба во согласност со правилата на ЕУ за државна помош.

Таа одредба ЕК ја оценила врз основа на своите Насоки за државна помош за енергетика и заштота на животната средина од 2014. Во Насоките е наведено дека таква помош може да биде компатибилна со прописите на ЕУ под одредени услови, односно кога помошта за целта има заеднички интерс.

Комисијата утврдила дека проектот ТАП ќе допринесе на понатамошнна диверсификација на извори и рута на снабдевање на европскиот пазар бидејќи ЕУ ќе донесува гас од каспискиот регион и потенцијално од Блискиот исток.

Оценето е и дека благодарение на ТАП конкуренцијата на европскиот пазар на гас ќе биде зголемена, со оглед на додатната количина и нова рута за снабдевање.

Се наведува дека и изградбата на гасоводот ќе бара големи инвестиции во текот на неколку години пред да почне да заработува гасоводот.

Проектот ќе биде финансиран исклучиво со приватни вложувања, а Грција ќе учествува во заработката од ТАП низ транзитни такси.

Со оглед на се, Комисијата заклучила дека користа во вид на зголемена конкуренција и безбедност на снабдевање далеку ќе го надмине потенцијалното нарушување на конкуренцијата поради државна помош.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба