Јужноафриканскиот сој на вирусот сè уште не е детектиран во Македонија, но ќе се предложи задолжителен карантин за сите што доаѓаат од Африка
Објавено во: Македонија 03 Март, 2021
Министерството за здравство ја информира јавноста дека Комисијата за заразни билести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји. До овој момент во земјава сè уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на вирусот.
-Во текот на утрешниот ден, МАНУ ќе изврши анализа на бирсеви на двајца пацинети ковид позитивни кои се вратиле од патување од Занзибар. Пацинетите се хоспитализирани веднаш откако ги пројавиле првите симптоми на вирусот СарсКОв2. Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести согласно актуелната епидемиолошка слика и анализите на Институтот за јавно здравје, не ја исклучуваат можноста да се донесат препораки за нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на КОВИД-19 вирусот. Апелираме до граѓаните задолжително да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи, како носење маска, одржување хигиена на раце и држење дистанца, соопштуваат од Министерството за здравство.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.