19 Декември, 2025
0.0535

Ќе излезе ли кризата на Кипар од контрола?

Објавено во: Свет 22 Март, 2013 10:09

Добивај вести на Viber

Аналитичарите, кои чуле коментари дека Кипар би можел да биде исфрлен од евро зоната, денеска предупредуваат на последиците од проблемите меѓу Брисел и Москва во трка за одредување на условите за помош на Никозија. -Во текот на годините научивме дека и малите проблеми може да се покажат како големи. Не е можно да предвидиме што се’ може да се случи во ситуација како што е оваа“, рекол главниот економист на германската банка “Берненерг банка“, Холгер Шмидинг. Шефот на евро групата Јерун Дајселблум изјавил дека кипарската должничка криза претставува системски ризик кој може да ја загрози целата евро зона. Неименуван претставник на ЕУ рекол дека кипарските власти можеа да направат три работи до вторник: да изнесат уверлив и оддржлив план Б наместо оној кој го отфрлил парламентот, да воведат долгорочна контрола на капиталот во банките и да подготват спојување на двете најголеми и најпроблематични банки, бидејќи во спротивно на Кипар му се заканува излез од евро зоната. Додека оваа островска земја во Москва се обиде да постигне договор за ублажување на условите на рускиот кредит и судбината на руските милијардери заробена на светките во кипарските банки кои ќе останат затворени до вторник, Европската централна банка предупредила дека до следниот понеделник ќе продолжи финансиската поддршка на Кипар, а дека, потоа, таквата помош ќе биде разгледана само под услов да биде договорен пакет помош со кој би се осигурала солвентност на банките. Кипарската економија чини само околу 0,2 отсто од вкупниот бруто домашен производ на евро зоната, но аналитичарите предупредуваат дека сепак носи ризик со големи турбуленции. Паниката околу Кипар би можела да предизвика нов домино ефект кој би ги погодил Шпанија, Италија, па дури и Франција. ЕУ проценува дека десет отсто од скоро 70 милијарди евра од сметките на кипарските банки може да бидат повлечени штом се отворат банките. Европа поради тоа апелира до Кипар да воведе контрола на капиталот. Американската инвестициона банка “ЈП Морган“ проценува дека, доколку Кипар банкротира и мора да ја напушти евро зоната, неговата зависност од Русија драматично ќе се зголеми. Од друга страна ЕУ е зависна од Русија поради природниот гас.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја