Кадар на ДУИ назначен за претседател на Агенцијата за електронски комуникации
Објавено во: Економија 30 Декември, 2020
На предлог на ДУИ, Јетон Акику, е назначен за директор на Агенцијата за електронски комуникации, регулаторното тело кое ја регулира работата на операторите на мобилната и фиксната телефонија, како и ТВ-сигналите.
Медиумите на албански јазик соопштија дека за прв пат на чело на АЕК е назначен Албанец, по претходен договор помеѓу владините коалициони партнери СДСМ и ДУИ.
Инаку досега Сашо Димитријоски беше директор на оваа агенција. Акику претходно работел во НЛБ Банка.
Инаку АЕК своето финансирање во најголем дел го обезбедува од наплатата од работењето на Телеком и А1 ВИП.