16 Декември, 2025
0.1892

КАДЕ ГО ИМА ТОА: НЕ МОРА ДА ИМАТЕ РАБОТНО ИСКУСТВО, А ЌЕ ЗЕМАТЕ ПЛАТА НАД 52 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - што кријат огласите за вработување во државните институции

Објавено во: Економија 18 Мај, 2022 08:44

Добивај вести на Viber

Плати над 50 илјади денари, па дури и ако конкурирате без работно искуство.

Во мноштвото огласи кои излегуваат за вработување во државниот сектор, во кои платите не се нешто особено високи и се движат дури и под минималната, па едвај до некои 35 илјади денари, деновиве се појавија и такви во кои оние што ќе конкурираат за работните места, ќе носат навистина примамливи примања.

А каде би биле тие, ако не во Агенцијата за цивилно воздухопловство, која како да е резервирана за работни места со екстра високи плати, како и уште неколку други државни институции кои можат да си го дозволат тој луксуз да ги плаќаат толку многу своите вработени.

Вчера излезе оглас за вработување на Советник за аеродромски услуги во Одделението за аеродромски услуги, Сектор за аеродроми и воздухопловна навигација.

Неговата плата ќе изнесува 56.320 денари, стои во огласот. Според својата етничка припадност тој треба да биде Македонец, согласно планот за вработување на државната институција.

Онака како што е наведено во јавниот повик, тој не треба да исполнува ништо посебно услови, односно треба да има ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Сообраќај и транспорт, односно воздушен сообраќај, како и најмалку три години работно искуство во струката. Од посебни работни компетенции, пак, треба да поседува активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и да има активно познавање на англискиот јазик.

Пред само неколку дена, пак, бил распишан уште еден оглас за примање на кадар во Агенцијата за цивилно воздухопловство, и тоа помлад сорабтник за аеродромски услуги, во Одделението за аеродромски услуги, Сектор за аеродроми и воздухопловна навигација.

Неговата месечна плата ќе биде само малку пониска од претходната, но сепак ќе биде прилично солидна и атрактивна, односно ќе изнесува 52.440 денари. Според планот на институцијата за вработување, според својата националност тој треба да биде Албанец.

Ниту овој кадар не треба да исполнува некои посебни услови, односно исто како и неговиот претходник, треба да има високо образование од областа сообраќај и транспорт, односно воздушен сообраќај.

А, она што е интересно овде од навадените критериуми, овој човек чија стартна плата ќе биде над 52 илјади денари, не мора ни воопшто да има работно искуство во струката. Односно, во огласот како еден од условите е наведено „со или без работно искуство во струката“.

Од посебни работни компетенции треба да има само активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и активно познавање на англискиот јазик.

Според текст кој го објави Фактор во август 2020 година, АЦВ во 2019 година поделиле милион евра, односно 60,8 милиони денари за нето-плати на 68 вработени. Просечната плата на вработените таму била 75.000 денари, без придонеси, персонален данок и други давачки, задржувајќи го трендот секоја година да расте за околу две и пол илјади денари.

Според овие бројки, овие нови вработени во АЦВ дури и ќе бидат „потценети“ во однос на оние кои претходно таму се вработиле.

Инаку, оваа агенција се самофинансира од дозволи и надоместоци од воздухопловните оператори.

Во јавноста веќе одамна владее мислењето дека во овие престижни државни институции, многу тешко можат да се вработат „обичните смртници“, кои немаат партиска или друг тип на поддршка од „внатре“ во власта.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи