07 Октомври, 2024
0.0356

КАДЕ ГРЕШИМЕ: Вака работното место ги комплицира нашите навики во исхраната

Објавено во: Стил 11 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Се повеќе и повеќе луѓе почнуваат да се интересираат за храната што ја консумираат секојдневно. Гледаме на неа на начин непознат за претходните генерации - сметаме калории, пресметуваме јаглехидрати и ги проучуваме микроелементите и нивниот однос помеѓу нашето физичко и ментално здравје. Ние ја тестираме нашата врска со храната на различни нивоа, пробувајќи разни диети и начини на исхрана.

Без разлика на вашите навики во исхраната, канцеларијата може да биде тешко место за практикување на дисциплина во овој поглед. Прво, затоа што нашите колеги честопати можат да бидат премногу заинтересирани за тоа што јадеме и како јадеме, што, сосема искрено, е доста досадно. Прашања како "Се подготвуваш за лето?", "Зарем нема да јадеш со нас?" И така натаму.

Второ, работните простори во повеќето случаи изобилуваат со производи кои речиси сите се обидуваме да ги избегнуваме. Да не зборуваме за деновите кога некој колега слави роденден или има друг пријатен повод во канцеларијата - торта, бонбони, колачи и слатки се во состојба да го уништат секој режим на исхрана. 

Затоа најдобра опција е да го правите вашиот "хранлив избор" ден за ден, оставајќи си пример само еден ден од седмицата, во кој ќе консумирате храна со висока содржина на шеќер. И, се разбира - не преговарајте со себе, туку бидете строги!

Третата причина поради која нашиот однос со храната е потежок за управување од работното место, е поради "наградата" која ја добиваме кога ја конзумираме. Имено - го прави нашиот работен ден попријатен на невролошко и ментално ниво.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни