20 Мај, 2024
0.1583

Каде има најмногу невработени ќе покаже пописот

Објавено во: Економија 20 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

После цели две децении, конечно имаме знаење, можност и согласност дека пописот е најважната статистичка операција која не смееме да ја одложуваме. Претстојниот попис на населението е наша заедничка обврска и одговорност. Треба да видиме колку сме на број, за да создаваме соодветни политики кои ќе бидат реални и ќе се базираат на вистинската слика за македонското општество“, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска во видео обраќање кон граѓаните.

Шекеринска потенцираше дека пописот ќе покаже каде има најмногу невработени и која политика за развој на вработеноста ќе даде најдобри резултати. Таа рече дека пописот ќе помогне во вработувањето на младите во одбраната и во развојот на системот за кризен менаџмент.

-Со вистинските податоци ќе можеме подобро да ја подмладиме и одбраната. Да привлечеме млади војници токму од средините каде што имаме најмногу невработени, да им помогнеме  тие млади луѓе да ги добијат можностите за напредок во кариерата што ги дава војничката професија. Овие статистички податоци се клучни и за да развиеме подобар систем за кризен менаџмент. Пребројувањето и пописот, на пример, ќе ни кажат колку пожарникари треба да има во секоја од вашите средини. Да знаеме колку се потребни во секој град, во секоја општина. Само знаејќи колку сме, можеме да организираме систем кој ќе биде секогаш пополнет и подготвен да ви помогне вам, на вашите семејства, на вашите соседи“, рече министерката Шекеринска.


Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра