06 Декември, 2025
0.0300

Каде ќе ја дочека Новата година Роман Абрамович?

Објавено во: Стил 19 Декември, 2013 13:44

Добивај вести на Viber

Новогодишните забави на Роман Абрамович се познати во целиот свет. Сопственикот на Челзи знае како да се забавува и секој пат тоа го прави во друштво на светски ѕвезди . Затоа уште во средината на годината низ медиумите се појавија првите гласини за тоа каде и со кого овојпат милијардерот ќе ја прослави Новата година. Во првите минути на 2014 година честа да пее за Абрамович ќе има Адел , собјавува на US Weekly . Забавата ќе се одржи на Карибите и ќе заврши со големо светлосно шоу . Уште во јуни се зборуваше дека обврска за истиот настан добила и Лејди Гага за скромна сума од 2.9 милиони долари. Тогаш се претпоставуваше дека таа ќе пее на јахтата Eclipse . Рускиот олигарх ја дочека 2013 година во друштво на околу 400 гости , меѓу кои режисерот Џорџ Лукас , холивудските ѕвезди Џејк Джиленхал и Наоми Вотс. За доброто расположение на гостите се погрижи рок составот Kings of Leon , иако претходно се зборуваше дека ќе пее Ријана . Поп ѕвездата сепак не се појави. Се верува дека забавата го чинела на Абрамович 8 милиони долари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: