Каде можеме да патуваме без карантин и корона тест?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 25 Јуни, 2020
Без тест и карантин, македонските граѓани можат да патуваат во Србија, Косово и Албанија.
Слободно патување е можно и во Турција.
Конечната одлука дали македонските држајвани од 1 јули ќе може да патуваат во земјите од ЕУ, ќе има утре.Изминативе денови во дел од медиумите се појави документ со листа на земји кои ги исполнуваат условите за влез во европските земји, а на која, како што објави Јуроњуз, ги нема Македонија, Албанија и Косово.
За патување во Бугарија и Хрватска прво ќе мора да минат двенеделна изолација.
Хрватска воведе 14 дневен карантин за македонските државјани.
Во Македонија не се намалува бројот на заболени од коронавирусот, поради што се ограничува и можноста за слободно патување во други земји.