16 Јануари, 2025
0.0280

Каде на работа: Тешко во Катар, полесно во Германија, сезонски вработувања во Словенија!

Објавено во: Економија 04 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Катар се уште не побарал работници од Македонија. Иако пред неколку дена медиумите ја пренесоа веста дека Катар ќе ги отвори вратите за ангажман на хотелски работници од Македонија, Босна и Херцеговина, Камбоџа и Виетнам, како што најавил директор на одделот за регрутирање при Министерството за труд во Катар, засега се уште нема доставено официјално барање до македонското Министерството за труд. Во меѓувреме се отвораат перспективи за вработување Македонци во Германија и Словенија.   Македонија и Катар во 2011 година потпишаа Договор за регулирање на вработувањето на работна сила во Државата  Катар. Согласно Договорот, катарското министерство за труд, му ги доставува на македонското  министерството за труд и социјална политика, барањата за вработување од работодавачите во Државата Катар за вработување на работна сила од Република Македонија. Работодавачот од Катар, самиот, или со овластување на претставник од редот на своите вработени или преку канцеларија за вработување овластена од страна на Министерството за труд на Државата Катар, ги следи и ги врши сите процедури потребни за избор на работници и нивно патување од Македонија во Катар.
„Во овој Договор склучен помеѓу двете држави се уредени и обврските на работодавачот да ги сноси сите патни трошоци на работниците од Република Македонија до работното место во Државата Катар кога првпат ќе се вклучат во работата, а исто така, ќе ги сноси трошоците на нивното враќање од Катар на крајот на нивниот работен однос. Работодавачот исто така  ќе ги сноси патните трошоци на работниците во двата правци во текот на периодите на отсуство. Овие трошоци не ги покриваат трошоците за издавање пасош или плаќање на какви било депозити, велат од министерството за труд и социјална политика“, објаснуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Сепак, изминативе години се зголемува бројот на македонски граѓани кои заминале на работа во Катар. Од Агенциите кои посредуваат при вработување велат дека оние што досега заминале на работа во Катар, најчесто се вработуваат во хотелиерскиот бизнис. Дури и исполнувањето на условите за работа во хотел за македонските граѓани може да се каже дека се тешки бидејќи се бара искуство во хотел со пет звезди, а кај нас сега има само еден таков хотел, посочуваат од Агенциите. „Влегувањето во другите области е потешко бидејќи се бара богато интернационлано искуство од една страна ,а од друга страна не ретко работодавците бараат и познавање на арапски јазик“, вели Зоран Кочовски од агенцијата Коузон. Во Германија годинава 570 работници Република Македонија со цел да овозможи регулирање на  вработувањата на наши работници во други држави, има потпишано Спогодба  меѓу Оваа година во Германија на работа ќе може да заминат 570 работници. Германската влада секоја година утврдува квота на работници кои може да се пратат од Македонија во Германија.
„Македонија и Германија имаат потпишано Спогодба за вработување на работници од македонски претпријатија со седиште на територијата на македонската договорна странка за изведување на проектни договори, во 1995 година“, објаснуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Ќе се менува договорот со Словенија Македонија и Словенија во обид да овозможат зацврстување на стопанската, индустриската и техничката соработка, на  27 февруари  2007 година во Скопје потпишаа Договор за вработување на сезонски работници.
„Овој Договор ќе претрпи извесни корекциии со цел подобрување на квалитетот на соработката  и поедноставување на постапката за упатување на сезонски работници“, велат од Министерството за труд и социјална политика.
Закон за упатување градежни работници во странство Во декември 2012 година македонското Собрание го усвои Законот за упатување работници од Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи. Со законот се уредуваат условите, критериумите и постапката за  упатување на работници од Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи. За прв пат во Македонија во Министерството за труд и социјална политика  е изготвен софтвер со чијашто помош Комисијата која е формирана од повеќе институции,  ќе врши распределба на утврдената  квота  по електронски пат. Инаку евиденцијата во врска со користењето на правото на упатување работници ја води министерството надлежно за работите од областа на трудот, а надзор и контрола над спроведувањето на овој закон врши Министерството надлежно за работите од областа на трудот - Државниот инспекторат за труд.

Можеби ќе ве интересира

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

ПРОДАДЕН ДЕЛ ОД ИМОТОТ НА ПОРАНЕШНО „ФЕНИ“: Авансно ќе се делат парите од стечајната маса

ПРОДАДЕН ДЕЛ ОД ИМОТОТ НА ПОРАНЕШНО „ФЕНИ“: Авансно ќе се делат парите од стечајната маса

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ КАЈ ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД И ДАНОКОТ НА ДОБИВКА - ова се деталите од Управата за јавни приходи

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ КАЈ ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД И ДАНОКОТ НА ДОБИВКА - ова се деталите од Управата за јавни приходи

САКААТ ДА ГИ ЗАБРАНАТ РУСКИОТ ЛНГ И АЛУМИНИУМ: Брисел подготвува нов пакет санкции против Москва

САКААТ ДА ГИ ЗАБРАНАТ РУСКИОТ ЛНГ И АЛУМИНИУМ: Брисел подготвува нов пакет санкции против Москва