23 Јуни, 2024
0.0280

Каде наврна најмногу дожд?

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Најмногу дожд во изминативе 24 часа наврна во Пожаране каде се измерени 46 l/m2, потоа следува Тетово со 40 l/m2, 26 l/m2 во Охрид, 15 во Крушево, 13 во Претор, 10 Прилеп, Берово, 7 Струмица, 6 Битола, 4 Крива Паланка, 2 Штип, Скопје – Петровец.

Времето денеска  ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во источните и во крајните западни делови врнежите ќе бидат пообилни, а на југоистокот ќе има услови и за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 16 степени.

Во главниот град, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Утрово најстудено е во Лазарополе каде се измерени 5 степени, а по него следуваат Крушево и Маврови Анови со 6 степени.

Измерени се 8 степени во Претор, 9 во Тетово, Охрид, 10 степени се регистрирани во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Берово, Кр.Паланка, 11 пак во Скопје-З.Рид, 12 степени во Струмица, Гевгелија, додека пак најтопло со 14 степени е во Демир Капија, Штип.

Метеорологот Славчо Попоски веќе најави дека циклон ќе ја зафати Македонија и ќе донесе обилни врнежи од дожд. 

foto freepik.com/ jes2ufoto

Можеби ќе ве интересира

СЕМЕЈСТВО ЗАГЛАВЕНО ВО ПОПЛАВЕНА КУЌА: екипи од Тетово испратени да ги спасат

СЕМЕЈСТВО ЗАГЛАВЕНО ВО ПОПЛАВЕНА КУЌА: екипи од Тетово испратени да ги спасат

Поради обилни врнежи сообраќајот од Велес и од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата

Поради обилни врнежи сообраќајот од Велес и од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата

ОДРОНИ И КАЛ НА АВТОПАТОТ КАЈ ТЕТОВО: од невремето карпи паднаа на улицата и направија проблеми во сообраќајот (ВИДЕО)

ОДРОНИ И КАЛ НА АВТОПАТОТ КАЈ ТЕТОВО: од невремето карпи паднаа на улицата и направија проблеми во сообраќајот (ВИДЕО)

ВЕТРОТ ОТКОРНА ЖЕЛЕЗЕН МОСТ: оштетени возила кои поминувале под мостот (ФОТО)

ВЕТРОТ ОТКОРНА ЖЕЛЕЗЕН МОСТ: оштетени возила кои поминувале под мостот (ФОТО)

ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИТЕ НИЗ СКОПЈЕ - проодноста отежната, возачите бараат алтернативни решенија (ФОТО)

ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИТЕ НИЗ СКОПЈЕ - проодноста отежната, возачите бараат алтернативни решенија (ФОТО)

НЕВРЕМЕТО ПРИСТИГНА И ВО СКОПЈЕ: силен дожд, проследен со грмотевици и град (ВИДЕО)

НЕВРЕМЕТО ПРИСТИГНА И ВО СКОПЈЕ: силен дожд, проследен со грмотевици и град (ВИДЕО)

Замина Исуф Кадриу, заменик главен одговорен уредник на телевизијата АЛСАТ

Замина Исуф Кадриу, заменик главен одговорен уредник на телевизијата АЛСАТ

„Македонија не смее да остане на опашката во евро интеграциите“: Муцунски вели „ќе работиме макотрпно“

„Македонија не смее да остане на опашката во евро интеграциите“: Муцунски вели „ќе работиме макотрпно“

ЕВН ЌЕ ЈА ИСКЛУЧУВА СТРУЈАТА ВО ТЕТОВО УЛИЦА ПО УЛИЦА: по барањата на пожарникарите

ЕВН ЌЕ ЈА ИСКЛУЧУВА СТРУЈАТА ВО ТЕТОВО УЛИЦА ПО УЛИЦА: по барањата на пожарникарите