СЕМЕЈСТВО ЗАГЛАВЕНО ВО ПОПЛАВЕНА КУЌА: екипи од Тетово испратени да ги спасат
Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2024
Семејство е заглавено во сопствената куќа во селото Сиричино во Јегуновце.
Од Центарот за управување со кризи известуваат дека се испратени Противпожарните екипи од Тетово кои треба да помогнат во нивно спасување.
- Во поплавена куќа во општина Јегуновце во село Сиричино има заглавено семејство. Тетовската ТППЕ работи на нивно извлекување - соопшти накратко ЦУК.
Повеќе информации подоцна.
Фото: Принтскрин/Фејсбук