19 Декември, 2025
0.0400

Каде потрошија граѓаните три милијарди евра кои им ги позајмиле банките

Објавено во: Економија 22 Јули, 2021 08:32

Добивај вести на Viber

Граѓаните и фирмите во јуни годинава кон банките должат дури шест милијарди евра, што на годишно ниво е раст од пет проценти. Задолжувањето расте од месец во месец, а само физичките лица должат поовеќе од половина од оваа сума или до крајот на првото полугодие годинава граѓаните имаат долг кон банките за кредити во вкупна вредност од 3,15 милијарди евра. На месечно ниво кредитите на домаќинствата, се зголемени за 1,3 проценти во споредба со претходниот месец, а годишниот раст е дури 8,7 проценти. 

Народната банка објави дека најголем раст пак, ако се гледа намената во јуни имаат потрошувачките и станбените кредити. Имаат значаен раст на месечно ниво ама на годишно најмногу растат становите за стан кои се зголемиле за една година за дури 14,7 проценти. Граѓаните им должат на банките за потрошувачки кредити на крајот на јуни 1,7 милијарди евра, додека долгот по основ на кредитни картички е 107 милиони евра.

Забележителен е пад на задолженоста на картички, од месец во месец на годишно ниво пак, од дури 9 проценти.

Во јуни, автомобилските кредити, се намалени на годишно ниво за дури 17,1 процент. Кај негативните салда на тековните сметки, во јуни, е остварен месечен пад од 0,4 процент, а на годишно ниво растат за 3,4 проценти.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии