КАДЕ СÉ Е ДЕТЕКТИРАН НАЈОПАСНИОТ ВИД НА КОРОНА: Наскоро може да стане доминатен, се заразуваат и вакцинираните-стигна предупредување од научниците
Објавено во: Свет 27 Ноември, 2021 09:55
Новата мутација е
откриена во Јужноафриканската Република кај речиси 100 заразени лица, како и
кај пет патници кои ја напуштиле оваа земја, односно во Боцвана (четири) и во Хонг
Конг (еден). Првиот случај на новиот вид беше откриен вчера и во Израел. Лицето
заразено со новиот вид е Израелец кој се вратил од Малави. Израелското
Министерство за здравство соопшти дека постои сомневање дека се разболеле уште
две лица, а сите тројца биле вакцинирани. И во Белгија е детектирана новата
варијанта кај две лица.
Земјите веќе креваат епидемиски ѕидови: Италија од вчера воведе забрана за влез на луѓе кои посетиле една од јужноафриканските земји во последните 14 дена. Истото го направи и Чешка. Одлуката на Лондон е да ги забрани летовите од Јужна Африка, Намибија, Боцвана, Зимбабве и Лесото.
Франција исто така ги прекина летовите до овој дел од светот. Холандија ги стави во карантин сите патници од двата авиона кои вчера слетаа во Амстердам од Кејптаун и од Јоханесбург. Од вкупно 600 патници, 61 се позитивни на ковид, и се прави секвенционирање да се утврди дали некој од нив е заразен со новиот сој.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека ЕУ во соработка со земјите членки ќе предложи прекин на воздушниот сообраќај од регионот на Јужна Африка.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




