КАДЕ СЕ НАЈНИСКИТЕ ПЛАТИ ВО ЗЕМЈАВА, дел од нив малку над минималецот
Објавено во: Економија 22 Октомври, 2022 13:41
Според Државниот завод за статистика (ДЗС), во август 2022 година меѓу најслабо платените работници се најдоа вработените со заштитните дејности, производството, текстилците, дејности поврзани со производство на храна.
Еве ја листата со најниски исплатени плати во земајва минатиот месец придружено со висината на исплатата.
- Заштитни и истражни дејности – 18 320 денари.
- Услуги поврзани со одржување на згради и дејности за уредување и одржување на животна средина и природа – 20 420 денари
- Производство на кожа и слични производи од кожа – 21.345 денари
- Производство на облека – 21.993 денари
- Производство на мебел – 22.871 денари.
Според Државниот завод за статистика просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2022 година, изнесува 31.871 денар.
Меѓу најдобро платените работници во нашата земја се најдоа компјутерџиите, банкарите, научната фела. Овде може да ги видите деталите за највисоките плати во земјава.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




