15 Декември, 2025
0.0789

КАДЕ СЕ НАПРАВЕНИ ГРЕШКИТЕ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА КОРОНАТА - Британија лани имала најголема смртност по Втората светска војна

Објавено во: Свет 13 Јануари, 2021 12:12

Добивај вести на Viber

Во Британија, во изминатата година е забележана најголема смртност по Втората светска војна. 

Ова денеска за Би Би Си го изјави директорот на здравствената хуманитарна организација Кингс фонд Ричард Мареј.

Според официјалните податоци, во Британија во првите 11 месеци на 2020 година починале околу 697.000 луѓе, што е речиси 91.000 повеќе од годишниот просек во последните пет години, кој изнесува 606.000. 

Се очекува дека кога ќе бидат познати податоците за декември, таа разлика ќе биде дополнително зголемена.

„Велика Британија има една од највисоките стапки на прекумерни смртни случаи во светот, повеќе прекумерни смртни случаи на милион жители од повеќето европски земји и САД“, кажа Мареј.

„Неопходно е да се спроведе јавна истрага за да се утврди што точно се случило, но во секој случај е јасно дека се направени грешки“, порача Мареј.

Во јануари годинава расчекорот со просекот на умрените во петгодишниот период ќе биде уште поголем, на што укажуваат и денешните официјални податоци дека во последните 24 часа од последици на коронавирусот починале 1.243 лица, а регистрирани се 45.533 новозаболени.

Можеби ќе ве интересира

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса